славеј (м.)
Уште не е заборавен снегот а славеите веќе се натпреваруваат во дворот По ружите по џбунките по маслинката.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Јас славеј сум додека в срце песна носам и додека в лет ширам сончеви крила.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Славејот тажеше над својата несреќа и се каеше за својата непромислена постапка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Славејот го препознавам уште пред да ја зине устата да запее.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Со времето ќе никне гороцвет и синчец во пресни зори ќе тагува над нив: ќе израснат млади фиданки на бели брези со гранки спуштени ко долги плетенки со одблесок на сребро... лете роса од пресна зора да ги лади, зиме со златно лисје да ги тажи и на пролет јата славеи да се збираат во нив и на сето грленце песни да им квилат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ми шепоти: доаѓам од кај морето а Хелен уште чека на брегот шета во залезот и копнее: на секоја самогласка од песната што ја пее светка по една ѕвезда а на нејзината коса еден славеј чека да изгрее месечината. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ама пред тоа мене да ми земете метро - по должина и ширина и најдете ми добро, проветриво место, со широк поглед во далнина и висина, на врв рид, каде ветерот на зајдисонце меѓу дрвја и лисје приспивни песни ќе ми свири, во рани зори славеј ќе ме буди и дождец во спарни долги лета ќе ме лади...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Гаврани не грачете, секавици не секајте од рид до рид, славеи за миг замолкнете и молчете додека земјата не налегне врз младоста што ја прими...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А јас би сакал да слезам од овие ѕидишта по славејот што клука под стреата по шумот на водите по ластарот на лозите зашто уште копнежот клука и времето ме јаде да слезам да истрчам да избегам во просторот во просторот зрачен потопол од сето време.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Се спушти славејот кон јасиката, која беше негова долгогодишна пријателка, да се одмори малку на нејзините гранки.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Как што мрена риба барат место по д'лбоко, как што славеј, малка птица, седело си виет сред расцветени ми ружи в поле ил' градина, как што мајка силно љубит првата си рожба, так и младо љубит млада, искат мома јунак, младо момче-хубавелче, гиздаво си либе.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Да го продолжиме овој наш разговор со четири песнички за поздравувањето: ДОБРО УТРО - Доброутро, здрави биле! - поздравува славеј пиле.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Племето Сизифово заковано за припекот на ридот учи да слегува кон славејот на јазот кон ситото на полето.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Со нив требаше да се заокружи овој Реквием, во чие поетичко јадро, во неговите првични, рани песни, смртта на поетот е доживеана и искажана во еден неоромантичарски и симболистички пев при првичното модернистичко искуство, како смрт на славејот во занесот на пеењето, кога сето битие на поетот е обземено само од чинот на создавањето на песната и од поттикот таа, долго носена во себе, да се испее, да се забележи и соопшти.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Леташе славејот де ваму, де таму, се премори и ожедне па се упати кон поточето да се напие вода.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Веќе дваесет и две години, секоја вечер тој сака да ме однесе... точно на полноќ... но и јас знам да се бранам... со дванаест чисти симфонии на цимбали, два катаракти за славеи... едно цело крдо фоки кои се горат на тивок оган... ете ти работа за ерген...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Како славејот што го чувствува идењето на пролетта под снегојте под карпите под гранките.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Раскажуваше приказни со сладок вкус кои ја топлеа душата кога од селска стана градска, а пееше како славеј една песна за гугутката што им ја остави во наследство, со аманет да ја пеат по слави и свадби.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Заспа цврсто. бела куќа на бел облак, носена од бели птици; бел чад од бел оџак, бела гитара без жици; бела музика од бел ѕид, бел славеј надвор од вид; тик-так нон-стоп часовник ѕиден, отчукува време на живот иден; лево-десно шета едно бело клатно, со бела боја црта на празно бело платно: бели гради на бела жена, легната на бела постела; сето тоа на бело знаме веено од бел призрак, качен на бел рид над кој се спуштил бел облак.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
- Летоска еден врабец му раскажуваше на славејот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)