сладосно (прил.)
Во нејзините толку убави и толку сини очи сликарот го виде и го осети собрано и згаснато сето она што овде го возбудуваше и сладосно го измачуваше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Уште малку до половината, и неговите распалени мечти можеа јасно да го замислат нејзиното сладосно мрморење како на мачка, нејзиното предење.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тие го возбудуваат и сладосно му ја запленуваат душата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Има нешто особено привлечно во тие чиновнички деца, како да се растени во еден свет поубав од нашиов, нешто бело и сладосно топло, како што е бел, топол и мек лебот што го јадат чиновниците.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Неговото приближување е само сладосно греење во душата, задоволство што ги стопува немирите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Прашувам: што има толку задоволително во оваа реплика и што е тука толку смешно – или барем сладосно – во оваа ужасна сцена, со сето физичко и емоционално насилство во неа?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)