сладострастен (прид.)
Зборуваше со таинствено сладострасен шепот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„И како тогаш подароциве ќе нѐ развеселуваат и ќе нѐ прават посреќни ако се вадени од торбите на гревот“ го прашував сладострасниот корисник на мојата љубов?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таа негова вујна Манасија воопшто не личеше на сладострасната мивка што се обиде горе во Кулата да ни ја прикаже Бундев.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Девојката, што ја имам милувано како најпосакувана вистина и по оние места кои обично ги сметаме за незаситни, наеднаш излегува од под меката сладострастна покривка на интимниот чин и со корбач в рака го казнува човекот кој и ја приредил неповторливата екстаза!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Бодлер доживува слична состојба и кажува: „Нотите стануваат броеви, а ако имате и малку дарба за математика, мелодијата и звучниот склад што го слушате задржувајќи ја својата сладострасна и сетилна карактеристика, се претвора во широки аритметички операции во кои броевите раѓаат броеви и чии фази и настојувања ги следите неверојатно лесно и снаодливо, токму како изведувач”.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Затоа материјалното уживање треба да се сведе на минимум, а да се достигне максимумот на исполнување во духовната сфера на опстојување, која има долг пат за да научи како да се справи со искушенијата на сладострасните мамки во деноноќните игри на ѓаволот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Друг, пак, подуен како насмукан крлеж, јадеше сѐ до што ќе дојдеше во домовите на своите засонети граѓани, притоа испуштајќи сладострасни издишки и кркорења.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Танјуговата“ фотографија: телото на носила, прекриено со бел чаршаф и нагаравените лица на присутните, со забележлив сладострастен навев, како да не се работи за преживеани, туку за компанија оџачари.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Го смирив сладострасниот вулкан на вршникот од еруптивна снагателност.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тагата по селото во подножјето на северната скопска црногорица ги гонела со труд да го совладуваат бавното движење на времето, во таа доба на годината ненадејно смекнато од јужно ветре и од сладострасност на цутната разбуденост на овошките.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Нивните забрзани реченици, со голтнати зборови, сведочат за сладострасноста.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Враќајќи се пијан од еден сладострасен излет со својата цицлеста секретарка, излета со мерцедесот од автопатот, многу близу до местото каде е убиен поетот, и со сета брзина тресна во големото, осамено дрво.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Зашто, додека морничавевме
од уфрлање вулгарни изрази во беседите
- свечените, судбените, великодостојните -
додека се противевме на облиците
незауздана, сладострасна и
мекоплотна речитост
нашиот јазик неодложно умираше
а нивниот се создаваше, рајскиот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)