слегува несв.
слегување ср.

слегува (несв.)

Молчејќи слегуваме на напуштениот друм и пеш го поминуваме патот што некогаш беше пат на разделба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од возот ќе слегуваат момчиња и девојки и ќе ги извикуваат имињата што ги бараат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Како да слегуваше од тие темни височини заедно со снегулките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го отвора таа ќепеникот и слегува долу во кледот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не ми е сосема јасно дали пропаѓам или паѓам, ама гледам дека главата на пониско ми слегува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама одозгора еднозадруго ми слегуваат некакви заплеткани конци, некои пајажини ми паѓаат вака право, како голема сенка и јас се барам со рацеве и се бранам со рацеве... Ја кинам сенката со нокти и веќе почнувам да викам, не се додржува гласот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Низ вратата и прозорците од црквата избуваше чад од свеќите и темјанот и миризбата се ширеше низ целиот манастир како да слегуваше од небото, од бога.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И ѓаволот од главата им слегувал во нозете...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лесно ранетите сами слегуваа на копното. На мостот стоеше војник и на секој му даваше ќебе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Оваа пролет една берачка на јагоди слегувала од ридовине сама со полна кошница плодови и песни...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во пресметките што ги направив уште пред неколку денови утврдив дека тој прозорец се наоѓа на источната страна на затворот и оттаму може да се види само улицата што слегува кон мостот. Или грешам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги прејдува сите потоци и се искачува на небото и пак слегува над селото, на сретселото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Очите твои се гулабови под твојот превез; косата ти е стадо кози, кога слегуваат од Галафската гора; забите твои – како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; усните твои – како алова панделка, а устата твоја слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ти е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ти се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Таа: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Тој: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги гледам само градите и гледам некои сламки и некои пајаци што слегуваат по сламките. 258
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите овие денови, додека се шушкаше дека некаде се крчка некој политички договор за примирје, од нивната позиција преку двогледи гледаа како долу во градот секојдневно минуваат возила, бели џипови со црни таблички и по патот се искачуваат нагоре кон селата, па потоа повторно слегуваат надолу, побргу отколку што се качуваа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мувите слегуваат на водата што ни капе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Покрај Вардар слегуваа првите магли на пасење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Или поточно си ја видов сенката како слегува од гранките иако немав видено кога се качуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од ридовите слегуваат стада излеани од звуци. Во нив треперат летните мириси на горите.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Повеќе