слепоочник м.

слепоочник (м.)

Но си ја слушам жилата што ми чука над слепоочници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
13. ЗАМИНУВАЊЕТО Е ЖАЛОСТ, ДОАЃАЊЕТО Е РАДОСТ - го знае тоа младичот кому здравјето му пука: часовникот во слепоокото на неговата младост полноќното дванаесет со изгрејсонце го чука...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Под шамија се спушташе на плеќи во прцлиња црна коса, измазнета и залепена за слепоочници.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Можеби тие слики и не висеа на ѕидовите, туку висеа во мене, во моите очи, во моите слепоочници, а јас ги лепев по ѕидовите, го збогатував друштвото на ѕвероглавите и стравував, стравував.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Долг, пискав сигнал за тревога. Звук, танок како жица, проткаен од прстите до врелите слепоочници. Добро.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Знаеле, на обесвестениот видовник очите му биле мртви а кон обете слепоочници му се леела крв, зла како што рекле пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога ме гледа човек би рекол дека имам изразито спуштени слепоочници.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Кога бевме млади студенти, единствена слика на човек што младите луѓе можеа да ја видат на улиците во Лондон беше еден постер на човек со сиви слепоочници, темен костум, бела кошула.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој звук се качуваше полека по неговите мускули и се спојуваше со ехото на неговите слепоочници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)