слет (м.)
Што е за право ниту еден сонувач Нема да рече многу ми е гајле за иднината на сонувањето Не што нема да рече многу ми е гајле Ами ќе ја обнови и ќе ја поткрепи идејата За воведување светска сонувачка штафета Сега не мора таа да му се врачува на Врховниот сонувач Баш на 25 мај И не мора сосе штафетата да има и слет на стадионот на ЈНА Постарите сонувачи паметат и такви штафети и слетови Со кои некои неиспилени на несонувано тераат мајтап
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Во почетокот на август, читаше Соколе, таму се приредувал соколски слет. Тоа го фрли во тревога.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
На сликите од слетот, што ги донесуваше весникот, тој ја бараше неа да ја познае меѓу публиката, тој се напинаше да прочита од нив колкава напаст ја застрашува и премислуваше нели е најдобро да појде самиот таму и да ја предупреди.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Наместо глорификација на спортскиот дух, на слетот ѝ одававме почит на една метална прачка и на еден чичко кој беше влезен во филм forever young.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Гавранот се покри со паунови пердуви: ги опчинувал ноќе жените и им земал залог, медалчиња од времето кога селските активности ловеле контрабандисти, крадци на цемент и тули за здружниот дом; со медалите се присвојувале и секакви значки, конгресни, градителски, слетски.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)