слободно (прил.)
Понекојпат двете црти здружени со острината на нејзиниот поглед, значеа укор за нешто, но и тој гест можеше слободно да се препише на перфекционистичката особина.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Слободно! - Можете да влезете! - рече стражарот и ги пушти да влезат.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Патниците што се качуваа на станицата кога ќе ја видеа низ вратата од купето каде што се шминка, не влегуваа во купето иако имаше слободно место за да не внесат со своето присуство пореметување во интимноста создадена меѓу машко и женско.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Откако конечно ќе се обезбедеше соодветниот соговорник, со него се потпишуваше писмен договор за соработка според кој тој имаше право слободно да одлучи дали податоците кои ни ги дава треба да се анонимни, или пак имаме дозвола да ги објавуваме во целост – сосе имињата и презимињата на учесниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Христијаните и Евреите под муслиманска власт можеле слободно да ја исповедаат својата вера и да ги извршуваат ритуалите, задржувајќи ги своите цркви и синагоги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нагонската гадливост од психотични контакти поскоро ме доближуваше до едноставноста на животните отколку до луѓето, па заклучив дека можам слободно да бидам крава, папагал или некое морско домашно милениче во смрдлив аквариум.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Работникот слободно одлучува за своето стапување и истапување од синдикатот!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
IX Може слободно да се рече дека историјата на животот на Мајка, откако нѐ роди, беше најмногу составена од идентични настани што подразбираа постојана заложба да ги спасува нашите животи на Балканот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Така Камилски сега можеше слободно да му ја препушти иницијативата на Татко, кој во тој период ревносно ги читаше делата на балканските книжевни класици, особено оние од првата половина на XX век.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во една таква мала цепнатинка во која како да беше сместено и нејзиното двоумење јас ја открив дозволата да постапувам толку слободно што да можам дури и да се предомислувам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ги затворам очите и слободно паѓам во темниот простор.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но, кога јас настапив со мојата дискусија, внимателно ме следеше и како што врвеше времето, му се гледаше на лицето и во погледот дека полека ја прифаќа мојата теза барем засега да не се градат браните на реката, а со тоа јагулите слободно да си го минуваат патот до морето, океанот и назад.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Слободно можам да кажам дека ние бевме третирани исто како и унгарските ученици, кои си плаќаа за нивниот престој.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
На крилава мои простор им треба слободно да летат!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Кога ќе ти го прочитам заклучокот на мојата дисертација, можеби сѐ ќе ти биде јасно! одговори мигум Камилски и продолжи: Замисли, мој пријателе, пред угледните професори, без оглед дали се од десничарско или левичарско убедување, а во комисијата на одбраната и од обете, можев слободно во заклучокот да го изнесам своето убедување: Педагогијата претставува грандиозна епоха во историјата на педагошката наука и нејзината примена ќе може да се остварува по Октомвриската револуција......
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Апсолутно слободно време е можно после смртта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но, веднаш потоа ластарестото тело просто се свитка под Змејковата рака, со која тој го присили пак да седне, притискајќи го надолу и држејќи ја в дланка сосема слободно исколчената клучна коска на неговото рамо под литата облека.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Жилите да пуштат корења длабоко плодови да бликнат високо, високо слободно на воздух!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
А и устата ми се усвитила: можеш слободно да си свариш од чајот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ги менуваат имињата на луѓето и на местата, на својот јазик не смееш и да се расплачеш, мртвите да ги испратиш, ако зборот му се украде на јазикот, јазикот може да биде и пресечен и откорнат, мајките им ги затнуваат устите на децата, со раце им ги затвораат, ги задушуваат; од Јужна Грција се сите служби: и учители и попови и полиција, сите ни кажуваат што треба да работиме и колку треба да работиме, но никој не ни кажува како треба да живееме, ама кога ќе победи нашата партија, ќе нема човек на човека роб, ние слободно ќе зборуваме и на својот јазик ќе учиме...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)