слово (ср.)
Дење немаше ученичка врева и смеа зашто долетуваа железни птици и биеја по словото и зборот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Падна, сине, ти на трава в то широко поле, душа даде, душа нема, без да кажеш слово ни за мајка, ни за либе; крвта ти истече как на рудо, сине, јагне, младо и безгрешно!
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
„Ете гледаш, чедо мое, зошто пречесен отец Стефан не можел да го реши записот од прстенот на логотетот, иако во ука мошне вешт е и надарен: затоа што за него словата сочинети се од зборови, а за мене од гласови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Отец Кирил се посомневал дека слепецот од Кападокија е измамник, и дека знае само една и иста приказна која ја кажува секогаш, без разлика какво слово и со какво писмо е забележано на штичката.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Задолжителната и работа ет в три нешта. 1-во: да устроит црква, во која си сакаме да си слушаме молитвите и словото божие на јазикот ни като сичките ни брајќа Бугари по царштината. 2-ро: да устроит училиште в кое сакаме да ет мајчиниот ни јазик и право на него да се воспитуваат челадата ни наша, сетне на турцки и најсетне, ако имат време и на други. 3-то: затова и основјавме народната ни црковнообштествена општина, да се устроит, а која колку за управлението има да си устрои устав и правилник, кое нешто да бидит основа на дејствијата и, сообразно со приличните за то правителствени закони и да го претставјава народот пред секое званично место, за кое нешто ќе држит редовни преписи на дејствијата си по наша за това запечатена кондика, а решенијата и ќе идат приети од нас като општо.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И потем сите книги повторно можат да бидат сочинети од она што спасено е, од зрното на писмата и словата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но за тоа подоцна, оти времето не е стигнато, о возљубени; а јас сум познат по тоа дека уживам да сочинувам слова секакви и да си измислувам свои истории што воопшто и не се случиле, ама да изгледаат така како пред очи да ви се; и знам сказанија да преподавам така, со прекини; по малку да ви давам да вкусувате од собитието, од слаткиот мед на историите, како на изжеднет вода што се дава во пустина, капка по капка, за да не го усмрти заситувањето на жедта, на потребата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А логотетот потем падна на коленици пред Филозофот и со солзи радосници почна да го моли да го научи и на други мудрости подобни и богоугодни, на сите уки и тајни откровенија што во себе ги хранат буквите и словата од родови разни, изумрени или живи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Церемонијата започна со вообичаеното читање на словото на законот за бракот и обврските што тој ги носи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не можев да им поверувам на ушите. Собрав сили да изустам: „Та зарем така сочинувале слова сјајни владетелите?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И беше убеден дека со магија некаква црна, со ѓаволска помош, јас сум ја вратил штичката на масата од скрипториумот на која слова сочинуваше Филозофот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, Филозофот кажа точно слово за Пелазгиј, и јас, иако во тој миг го мразев, а го мразев оти гледаше низ нас и во нашите срца и утроби како да сме од стакло, знаев дека Пелазгиј не веруваше во себе, и дека затоа не можеше да верува ни во Бога.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дај ми собитие што говори за лоши дела, и јас веднаш, под дланката ќе сетам темни букви, гласови темни, пискотници, студени слова од кои кожата се ежи; дај ми слово божествено и богоугодно, за големи подвизи што зборува, и јас веднаш под раката чувствувам гласови светли, букви топлокрвни, оган во писмото чувствувам, како кога љубениот на саканата писмо ѝ пишува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Речта со која Венценосецот го изрече Словото горко словото жалосно.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
И насетувавме дека тоа е во некаква тајна врска со чудната болест на ќерката негова, која веќе со години (поради надвиснатото проклетство над нашето царство и над кобната одаја со едно нерастајнето слово во неа) лежеше болна од болест чудна, непозната, и искина толку постели колку што имаме години.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Да влеземе и да видиме што слово е сочинето, што пишува“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
85 V. Интерпункција
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Но тој веќе не беше тука; бесен, излезе од семинаријата, па се врати со слово друго и ми го подаде препис да учинам, а тоа слово, со буквата Ж што почнуваше, на друг го даде за умножение.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ги згрчи прстите и ја потпре брадата на гради. Полека говореше, како да чита нејасни слова.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во годините после влегувањето на странскиот инвеститор, условите за работа наместо да се подобруваат полека почнуваат да се влошуваат, а меѓусебно потпишаниот договор меѓу работниците и новите газди, во кој беа регулирани меѓусебните права и обврски, остана само мртво слово на хартија...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)