случај (м.)

Целосно се укинати правата како паричната помош и надоместокот на трошоците за превоз и исхрана за време на стручно оспособување или преквалификација, а статусот невработено лице и правата кои можат да се остваруваат во случај на невработеност им се ускратени на лицата кои го имаат прекинато работниот однос по своја волја и на една цела категорија граѓани – земјоделците, односно вршителите на земјоделска, сточарска или друга дејност, без разлика на нивото на приходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Интравенозната употреба може да предизвика гноење и гангрена во случај по грешка да се вшприца во артерија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во секој случај општите интереси можат да се поддржуваат со заемно согласување меѓу членовите на Целината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Наводно, климата каде што живееја не им беше поволна, па не можеле да се размножуваат, да работат и да си постојат како што беше случајот со нас, обичните луѓе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тие мрсници се способни на сѐ. Тие, како што може да се види од твојот случај ви ги менуваат имињата за доказ дека вие божем сте Бугари...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- За секој случај, ти остави ми го тоа што си го извадил, па ќе видиме моиве мечиња ќе остават ли нешто за другите.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се разбира во врска со спомнатите противречности ништо не ми појасни ни оној случај за циркускиот гимнастичар кој при една вежба во која учествувале сите делови на неговото еластично тело успејал толку добро да се заплетка што морале да побараат лекар за да го разврзе кутриот атлетичар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во таков случај и Грците и Патријаршијата ќе ни се објават за непријатели на нашата народност и наш свет долг ќе ни биде да ги одбиеме сите грчки напади на нашата народност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во случај на понатамошно користење или дистрибуција морате на другите јасно да им ги дадете до знаење условите под кои е лиценцирана ова дело.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тогаш му реков: „Е, во таков случај веројатно оној поставен со рубли генералски шинел ќе мораш ти да го носиш. Но без постава.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сега пак случајот го издигнал за литературен јазик на Бугарите источното бугарско наречје што се наоѓа на крајната спротивна страна од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во случај на неоправдан изостанок судот може да нареди вештакот присилно да се доведе и да ги поднесе трошоците за доведувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А и татко ти, иако го викнаа за сведок, не можеше со сигурност да потврди и да објасни кој бил човекот што поминал покрај него а со кого легнала кутрата Босилка во таа нејзина единствена ноќ и со единствениот нејзин случај на платена љубов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во случаите предвидени со закон или со пропис донесен врз основа на закон, решението не мора да содржи одделни делови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Но ова се претпоставки" вели Поетот“ а ние, барем засега, можеме со сигурност да сметаме само на еден факт, оној, дека стореното зло во сонот не остава трага, па дури ни во случаите како во оној кај Данте: Верувајте видов и уште го гледам трупот кој својата глава место фенер ја носи лулајќи ја на мртвите коси! ...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неколку зборови за македонскиот литературен јазик Во четирите горни статии во оваа книга јас сакав да им ги обрнам погледите на моите сонародници на нуждата од едно корено изменување на досегашниот процес на нашиот духовен развиток, како и на тоа дека моите погледи во тој случај не се нешто ново и безосновно, а се само чекор напред во досегашното развивање на нашето национално самосознание и дека затоа се сосем природни и основани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И во таков случај не може да се зборува за етнографска целост меѓу Бугарија и Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше утврдена и листа на случаи кога е забрането работодавачот да наложи прекувремена работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако ги разгледаме сега распространетите во Македонија религиозни пропаганди, тогаш таму ќе ги најдеме религиозните пропаганди во повеќето случаи да служат како орудие за национални и политички цели.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Фактот дека во случајот на пантерот со јазик не е воведен никаков недостиг нему му дава обележје на самодоволност која едновремено го прави толку привлечен и толку страшен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќе