смирено прил.
смиреност ж.

смирено (прил.)

Овцата смирено, со мајчинска нежност го лижеше мокрото јагне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со него ги ништам сите мои непријатели – смирено одговори старецот, бришејќи го остриот нож од високата трева.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
По дијагоналата се наоѓа ангелот молејќи се смирено и бело.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во тивката вечер бавно и смирено одекнуваше шумот на неговите стапалки, стапалките на парискиот питач.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш тој можеше да здогледа како се преметнуваат еден врз друг и како почнуваат да патуваат некаде кон југ сите тие памучни облаци, добивајќи и самите некаква потрусеност на сињак во своите израскинати параници и, уште веднаш, штом ќе му се стореше дека веќе ниеднаш нема да има над себе едно такво смирено небо, еден друг ветер, еден многу поблаг и попитом ветер, многу посилен со својата смиреност, ги земаше пред себе сите тие облаци и набргу потоа тие пак се распостилаа по сета небесна шир, питоми како јагненца и меки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Станував незадоволна и со веќе испробана тактика, опсесивно ја напипував сериозната замисленост, овој пат некако смирено и шаховски јасно.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Војникот ја крена со една рака пушката со бајонетот, а со другата смирено ја погали ќеркичката Јета по косата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зборува смирено, напати со доверлив глас, излезен од линијата на инструкциите. Јас и натаму упорно молчам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мислеше, приближувајќи се до стеблото, на своите раце, мислеше на својот чекор, продолжуваше да сеќава некаква неизбежна радост, некаква неизбежна тишина, што му го опфаќаше целото тело, а за сето време загледан само во тоа масивно стебло, целото извиено, вивнато нагоре и смирено под беличестозеленикавите висулки бради, со кои што беше обрастено по корубата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Смирено го слушаа дедо Петре. И молчешкум тргнаа накај селото. Темна темница и пред нив и зад нив...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Загледани, маѓепсани во светлината на неговото догорување, во тоа огромно смирено животно на животот, ја внесуваме неговата топлина преку кожата, со погледите од најдлабоките корени на нашите сеќавања и повиците за помнење на оние раскажувачи на ноќта, седнати околу огнот со засукани ракави.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Се слушна себеси како ѝ шепоти на Марија. Сосема благо. Обидувајќи се да делува смирено. Спокојно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Лицето му беше повеќе зачудено одошто смирено, како уште да се прашуваше: зошто?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Градинарот Раиз, без да го прашам, забележувајќи ја мојата вознемиреност, но и моето миговно смирување, кога ги видов сите живи и здрави, ме пречека смирено со зборовите: - Не грижете се.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога се стишија козарите, градоначалникот со одбрани зборови и смирено му рече на Чанга: – Ве очекувавме порано.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Добровечер, - смирено рече нечеканиот гостин. Дедо Бошко го отпоздрави низ заби и тргна по него.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сѐ е толку смирено. Ја доживувам нирваната на нивниот Рај, во животворниот поглед на гејшините очи. Таинствено сензуален.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не можев, Оче Симеоне, смирено ќе застане јадно мал и недовршен. Не можев, тој дојде пред време.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во црквата дедот поп го најде притропот Петрета Слабиѓорев, кој смирено ја симна капата и му бакна рака, барајќи му од благословот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дино и мајка му смирено мласкаа и набљудуваа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Повеќе