смисловен прид.

смисловен (прид.)

Молскиот акорд А беше очекувана смисловна перспектива, кога музичарот и виолината без напор ги прескокнаа ѕидот, оградата на балконот, толпата пред фонтаната со боза, градот итн.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Она што сугерира е дека постои корисно ниво на дескрипција за многу аспекти на менталниот живот како некој вид на функционирање на компјутер - процесирање смисловни симболни форми при што правилата кои го управуваат интерното поведение на системот се и самите изразени преку тие форми.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во разделните реченици, според смисловната оцена и според поблиската врска меѓу деловите, кога последователно се јавуваат три или повеќе дел-реченици со повторен разделен сврзник.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)