смог (м.)
Не е оној познат стаклен сад во кој песокот се преточува туку нешто како мало бронзено тавче полно со смог од кое тој се крева во прамен гас, согорува и исчезнува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Поглед кон светот бездушен и лебот на маса насушен во градот со смог задушен видов пилиштар напушен
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Железничка станица Скопје.
Декемвриска вечер 1984 година
местимично густа магла
смог и препорака да не се патува
освен во крајна нужда.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Околу апокалиптичната слика на градскиот пејзаж завиткан во смог прицврстија бели снегулки со насмевнати лиценца, со што создадоа ефектен контраст.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Меѓувремено разредувачкиот облак смог помина и преку авторот после што панорамата на Скопје се гледаше сѐ појасно и порасбетливо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Од бучавата смогот сѐ повеќе се развласува, се протега и се раскостува, се шири, авторот забележува дека смогот почнува и да се крева, ене го веќе кренат над училиштето „Кочо Рацин“ и наскоро ќе ја зафати и неговата куќа што тој одовде не ја гледа, само по тамина знае каде е.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Смогот од тавчето сѐ повеќе испарува и, испарувајќи, согорува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Спокојот во којшто лежеше скоро згрутчениот облак смог конечно е нарушен.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Градот тонеше во темна магла - смог.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Е, дури сега ја разбрав карикатурата на Пецко: искачен со синот на врв Водно, а под нив градот во смог.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Звуците што доаѓаат од под смогот стануваат бесмислени, но авторот сега во бучавата по слух распознава, иако не гледа, како возила се движат по Партизанска, по Орце Николов, по Илинденска и секаде вдолж и попреку покриениот град.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во летните горештини претставува место за освежување, а зиме - кога има магла и смог - велат - Водно е воздушна бања. Погоре се и две детски одморалишта.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Тоа беше првиот автомобил што тоа утро беше ставен во погон во Скопје, но наскоро бучава од експлозии во мотори зачести под густиот смог.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Не брзајте! Полека! Со темпо! Воздухот е студен, има и магла и смог.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Авторот со изненаденост забележува или има чувство дека масата неподвижен смог почнува одвнатре, од длабочината или од дното да се раздвижува, да се буди од својата налегнатост.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Смогот легнат до земјата со целата своја густина беше напластен се до училиштето „Кочо Рацин“ над коешто се наоѓаше неговиот дом.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)