смотра (ж.)
Претседателот врши смотра на оклопната единица.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Потоа, очигледно не завршувајќи ја смотрата, неочекувано брзо се сврти кон нас и не давајќи ни барем да зинеме како со магнет ни ги зеде главите, се разбира мојата и Кејтеновата, и колку што можеше посилно ги тресна една од друга.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
На жените не се гледа толку многу, си мислиме, нема голема присмотра.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но сповојницата не е смотра само за домаќинките каде што се прави таа, ами и за самите сповојничарки.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Секој ден, Поетот, пред да излезе од празната одаја за која тврди дека е сцена на величествените собири на зборовите, извршува најдетална смотра на состојбата на лицето, на насмевката, и на сите делови од облеката (и покрај обичноста што веќе е спомната како карактеристика на неговото однесување).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Келнскиот саем на мебел е еден вид смотра на современата светска мода на мебелот и арбитер на врвните модни и функционални креации.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)