смрачува (несв.)
Од забите и непцето цеди плунка и со врвот на јазикот навлажнува усни и чувствува дека и се прекршуваат колената, ја облева пот, ѝ се смрачува пред очи...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пристигнавме кога веќе добро се смрачуваше. Утрото на Велигден требаше да се уверам дека моите чевли сѐ уште не се симнати од дневниот ред.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Јас се смрачувам, ко насланет лист се собирам. Нема разбран човек, си мислам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се смрачуваше и до мене допираше звукот на ѕвонците на кравите што ги враќаа од пасење и гласот на баба ми - Белке, сивке ајде, ајде…
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Поворката бавно напредуваше. Некој рече, се смрачува, треба да побрзаме.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И на часовникот не гледам. Имам впечаток дека времето сѐ повеќе се смрачува, дека нѐ враќа назад.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Веќе се смрачува. Во собата тивко навлегува темнина.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
А веќе се смрачува пред него и се меша во замагленост и небото и земјата, и сеќава дека главата му се урива и во устата му крцкаат песочинки. И тоа е сѐ.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се смрачуваше. О сестро Пелагијо! извикува Чана.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)