смрчка ж.

смрчка (ж.)

Барале и не нашле сунѓерести печурки, наречени смрчки, да ги испечат на жар и само ретко, понегде, можеле да им го грабаат на животните ланскиот желад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Каде ни се заборавените зборови пред кои запиравме како пред можност да се најде изгубеното каде се зборовите дрочни со смрчки зборовите што нѐ попрскуваа со нектар и семе по крилцата и ципите срамежливи и бесрамни зборовите заради коишто капаците би си ги склопиле и би се префрлиле слободно во другото тело како во свое во своето како во туѓо по архимедовиот закон со озрачени души да не останеме полуживи и сами вечно и од јазикот да се откажеме доброволно, како од љубовта при сѐ што сакавме да бидеме заедно уште, огин-и-ништо залудно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Врти се роју умен, вртлогу ти кој си на небо, биди на земја вртилишта, улишта, восочни легла рам-меморија на приземје и кат давам за твојот „латински џагор“26за твојот бесценет секрет меден збор, афродизијак и медовината капната од небо ти ја давам на серафим налик и на мираз од нечија блага душа и изблик на вечноста ти нудам „гола како кокошкин врат“ за да се собереш, сакана да дојдеш на врв врба во моето гнездо озарено со етер со екстракт од масло со медоносно билје ти нудам енигматични игри крстословки, ребуси пополнување на празнините и сотките осмислување на келиите - безбројните восочни клетки ко минијатурни смрчки
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сега не можам да речам дека меѓу мене и денот кога со татко за првпат берев смрчки постои јасно растојание сега кога мирисам на смрчки повеќе одошто на самата себе кога минуваат годините во животот како што нема да поминат во споменот кога сѐ е на свој начин отсутно и пладнето, и билјето и јас и тој кога сѐ е заградено во мене и секој настан има своја миризба своја душа - она кое не се споредува!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Им се сторило дека онде кај што нема умирања ни животот нема целосно значење - дури и од пепелта на шумските огнови никнуваат сипаничави печурки- смрчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отсега ќе ми треба храброст да одам без него низ истите предели да се сеќавам и да барам низ јасникот смрчки не оние што тој ги ствараше за мене но тие што јас ќе ги мирисам за него.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)