снажен прид.

снажен (прид.)

Стар пајтон, кој беше минал многу времиња на градот, со ритмичниот топот на снажниот коњ, минуваше крај нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред да ја постават двајцата снажни болничари пред нејзиниот кревет, таа не заборави да им се заблагодари.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бевме уплашени од големиот снажен прч.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако нашата Сталинка беше кревка и немоќна кога ѝ го дадовме името, тогаш снажниот прч на Чанга сигурно го заслужува ова име.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој се крена од местото, заврти круг–два, па се крена на задните нозе, извивајќи го снажното тело.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Очигледно бил снажен човек, со дебел, јак и изразито кус врат, ниско чело и кус нос на црномурестото лице.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Убав, млад, рус како неа, јак и снажен како 'рслан, неженет, како си мислеше таа и како ѝ се кажа Толе; работник — минер. А уште кога се слушна во логорот дека го турнал Ѓузепа во тунелот и му ја зел мартинката на Аќифа, Толе порасна во очите на сите работници и работнички, а најмногу во очите на Проќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иако драмата „Вештерка со избушен јазик“ страда од одредени слабости (малку се повторува, малку драматуршки шлајфува, малку премногу има содомија во недостиг на подлабока фантазија), таа сепак и пред сѐ е една автентична поп-драма, доволно снажна и експресивна за да засени 95% од јаловата македонска книжевна продукција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Станковски е прилично контроверзен човек, така што и покрај скафандерот на питомост што го навлекол (ко заштита, или етички принцип?!) последниве години, сепак се чувствува снажна енергија на преобликување, која не ве остава рамнодушен, се разбира, па брзо упаѓате во вртлозите на љубов- омраза што ги емитира тоа корпулетно тело на господинот сликар.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како да со некоја идна Америка ќе владеат снажни жени, воинки кои наместо оружје ќе носат Reebok патики.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Прчот беше вистински џин, со јак исфрлен врат, со големи рогови, готови стреловито да полетаат, имаше снажни вилици.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вратот меѓу рамената ѝ беше снажен конусно извишен до под аглестите вилици над коишто лицето ѝ сјаеше со ведрина, челото ѝ беше просторно, а косата црвена и ситно кадрава, собрана во туфка на тилот и висната над пловината на грбот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се појавува бел коњ, снажен.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од прозорците нарипаа пет снажни момчиња во мариовска облека – селани-гологлави, со долги перчиња заплетени на темето, во бели кошули и гаќи, со опинци, вооружени секој со по еден пиштол во левата и јатаган во десната рака.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Мамо, јас сакам да сум Снежана - дотрча Ева и снажно го загриза најсочното од тазе купените јаболка.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Бил на младешка возраст, снажен, ставит, со широко чело, со бујни црни коси, со густи веѓи, и мустаќи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нашата визуелна култура е опседната со млади, естетизирани, снажни, здрави тела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа го донела во мојот гроб, си велам и при тоа сфаќам дека дембелот, каков што е вака крупен и снажен, може да ми стане па од сопствениот ковчег да излезам претепан.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Познати козари од планинските села, кои зад себе влечеа цели стада кози, со снажни прчови, се искачуваа на големата бина среде плоштадот, на која, по обичај, за време на големите паради, дефилеа и митинзи стоеја највисоките раководители на новата На­родна Република Македонија во новата социјалистичка Федеративна Народна Република Југославија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека оваа пошлост’во чист облик предизвикува само добронамерен потсмев, онаа другата - која што, како што вели Набоков, е особено снажна и опака, кога лажноста не е очигледна и кога се смета дека вредностите кои таа ги имитира му припаѓаат, со право или не, на највисокото ниво на уметноста, мислите или чувствата - се чини, предизвикува тегобност. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 161
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе