сневиди (св.)
- Аух, аух! - свика со засркнат здив. - Се сневиде сѐ!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Сета сум сневидена, цела снага ми трпне од нешто како страв и умора.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
7. ДА СЕ СНЕВИДЕ КАКО ПРАВ НА ТАПАН - ко искра на вода, ко капка на припек, така и пијаниот живеачката скапа ја колни до грло кога ќе му скипе...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Кога непријателот навлезе наваму, жандармите ја напуштија куќата и се сневидоа некаде, а луѓето што сметаа дека од вратите и прозорците ќе имаат некаква полза - им ги удрија копачите и скепарите, па ги исподигаа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се плашеше да не го оставам среде ноќ... Ужасно изгледаше! Сам, умираше од страв... Да му се сневиди.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Секој миг се очекува да насрне пеколот, а после - се знае: ќе се сневиди сѐ она што со векови се создавало, ќе замириса воздухот на пепел и јаглен, а по малку ќе останат само урнатини, поцрнети и голи, што нема ќе сведочат за доживеаниот ужас.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се слушаше уште од далеку: „Е па да му се сневиди! Печен е мангупот!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Се ослободува од моите прегратки, си кидна кучката!... се отфрли одеднаш наназад... Да му се сневиди!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сеедно, си мислам, веќе нема излегување со тебе. – Враќај го – велам – да му се сневиди!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Абре, да му се сневиди на овој животот“, нешто подоцна рече чичко Никола, расмеано, како веќе да не беше со намера на разговорот, на својата прикаска, да ѝ даде сериозен тон.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
-Ах! Добога, Клеманс! Ме слушаш ли! Крв му ебем! Ќе легнеш ли, да му се сневиди!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Да му се сневиди,“ си помисли Дејв. „Сирото дете. Што ли правам?“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
А на казанчено секогаш ги имаат оние, златнине тацнички, да им се сневиди, со куп шарени топчиња сапун!321
Кој да знае дека шарени топчиња сапун можеле до толку да бидат смрт за вистинска љубов?
Токму во овој контекст штосот на другар ми дека и дечко му и тој ќе копнееле по венчаницата ја открива својата вистинска значајност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)