снежен (прид.)
Го обли топлина во која за малку не се стопија неговата брада, мустаќите, неговата дебела шапка, па и снежната куќа во која живее со своите прекрасни елени.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Тврдењево го потпирам врз основа на сликата што ја видов случајно во предновогодишниот сон, кога случајно од памучниот замок се раскрили брла снежна врата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Зад неа во земјанката влезе студенилото и вревата на снежната бура.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од левото крило на саемските градби беа излезени високи Снешковци на прошетка по моделираните снежни планини осветлени веројатно од рефлектори што беа закопани во снегот или засолнети зад овалните бели брда.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Со студениот ветер допатуваа снежни облаци и истурија снег.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И тогаш, јас и вие тоа не сме го виделе, ама го видоа невидливите очи на убавицата од Дардаванија, од преголемиот огин што го испумпуваше од срцето кон образите, мразулестите мустаќи Дедомразови почнаа да се смекнуваат, да се топат истечувајќи низ снежната брада која, исто така, почнала да се топи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Пластови снежна коса му се испушташе од главата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Над клепките ѝ се виорат снежните македонски висови.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Снежните наноси биле толку длабоки што ги затрупале клисурите и тогаш планините ги изгубиле своите вообичаени форми.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Како огромен шарен килим долу се простираше полето и искапено во утринската роса се преливаше во златото на узреаните оризови класја, во зеленилата на тутуновите стеблинки, а тек-тук се белееја и снежните пахулки на памукот што избиваше низ распуканите чушки.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ќе го издлабеше некако во снежниот намет.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Седна крај прозорецот, го зеде моливчето и ја напиша оваа песничка за топлата снежна покривка: Од небото зимско цел ден само снежи, под покривка бела родно поле лежи.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Од веѓите до малото прсте едночудо снежни клавирски дирки по кои како низ тврди белутраци се слегува до бунарот на старите мечти.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Изгледа дека се спокојни само децата кои , по дебелиот снежен килим на софиските улици и паркови, без прекин се санкаат, се валкаат, прават снежни топки и со нив фрлаат по своите врсници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Зад завесата од роиштата лесни снегулки, тој ги гледаше отспротива буките, чудно искитени со дебели, снежни наслаги на гранките, во чуден сплет, во чудно испресечување на бели и црни линии што го создаваа вкрстените стебла и ветки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Им ја отвори прво вратата од тремот на говедата, па кога тие се спуштија кон поилото, оставајќи жолти траги по белата снежна патека, тој се качи во плевната и им спушти во јаслите од кошарата два снопа царевиње.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тоа и од таму, и од небото дебнеше остриот месец со своето гладно око, готов секој миг да ја исправи муцката и да завие по снежната штамовна дивина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше еден од оние денови кога од градот се гледаше Пелистер, толку кристално јасно што можеше да се види така речи секоја Молика под снежниот врв.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Прашувам – паметиш ли кога врз нас се истури снежна бура?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Излезе на чистинката, на снежната белина, па чучна за малку, очекувајќи ги и своите следбеници, па кога уште неколку сенки се измолкнаа од под сенките на дрвјата, волкот претпазливо, лесно газејќи по замрзнатата површина на снегот, се упати кон плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)