сноси (несв.)
Скот да бидам, јас едно време и богу и пред луѓето најлудо се молев, и денеска тоа го правам, - кога му се суди на еден човек колку е тоа можно слепо да не се гледа само на еден дел од неговиот живот, за што можеби тој самиот не сноси никаква вина.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Трошоците на спорот беше одлучено да си ги сноси секоја странка самостојно!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оваа сума беше зголемена за затезната камата, а во поглед на парничните трошоци, откако нивниот полномошник изречно не побара трошоци (!?) беше донесено решение – секоја странка сама да си ги сноси своите трошоци, иако тие успеаја во спорот и го добија во целост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако успее во тоа, толку подобро за Македонија, но, ако од разни причини не успее, а се предизвика некое парцијално востание за какво што агитирале и работеле врховистите, и едните и другите нека ја сносат одговорноста.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во ова „второ полувреме“ од спорот, каде што обете странки, секоја за себе, си ги сносеше судските трошоци Марковски – усно на записник – го повлече тужбеното барање за оштета поради неискористен годишен одмор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Интересна е одредбата која предвидува дека трошоците на постапката – за помирувачот, односно арбитерот, ги сноси Советот, а не странките. 1) Колективен спор (чл. 16-28, ЗМРРС) – овој спор настанува во следниве три случаи: (а) по повод склучување, измена, дополнување или примена на колективен договор; (б) при остварување на правата на синдикално организирање и (в) кај реализацијата на правото на штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3 Од денешен аспект, кога компанијата е во лоша финансиска кондиција, акциите имаат незначителна вредност – но постои кривична одговорност која непосредниот извршител како и неговиот наредбодавец мора да ја сносат и соодветно да обесштетат околу 200 работници- акционери.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)