собира (несв.)

Морнарите нѐ пувкаат, нѐ запрашуваат и го собираат носот, ја вртат главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го собира гласот во устата, ко вода во дулец го собира и нѐ прска, мораш да си го покриваш лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Насекаде даваше приредби, држеше пламени говори, собираше средства за училиштето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Што чекате! Собирајте ги парталите, ќе ве носат некаде...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ламбата што треба да го осветлува патот ноќе низ долгиот ходник до тоалетот ако посакаш да појдеш повеќе од нужда отколку од желба, огледалата во бањите и една вазна ги собиравме со лопатка и метла за пајажина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Широкото чело му се собираше па се отпушташе низ новите бразди на обликот на мислите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Потоа седна врз него, бришејќи си го потното чело, собирајќи здив, смирувајќи го своето возбудено срце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Долината се шири и станува сѐ поголема собирајќи го во себе зрното на мојата семка.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ќе се држи за мешето и рацете и колената ќе ги собира на едно место.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И стаорците што се стаорци најмногу се собираа и до бесвест скокаа и бревтаа баш под онаа мома која испловува на школка, пред да никне првата розе грмушка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Трчаа полковниците по брегот или влегуваа со кајче во езерото и ги собираа птиците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Жените тогаш се собирале пред куќата на мајка му, влегувале внатре и молчејќи ја жалеле; тоа станувало оние денови, кога ќе се расчуело дека го носат врзан. Било заради кражба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако тргнеме во спротивни насоки не довикувај ме повеќе, заминувам, оставајќи на судбината: „така требало да биде“ Не доаѓај повеќе да ја собираш дождовницата од пресушените очи...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сите пари што ќе му ги дадат си ги собира во метална касичка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Министерството прво ги праќаше своите стипендијанти во српските провинцијални градови за да учат, а после ги собираше во Белград во специјални школи или на Великата школа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Постојано селаните се собираа и се чудеа на начинот на кој се хранеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Многу време замина и болката почна да му се собира горе на главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти собирај пари и кога ќе собереш многу ќе ти го продадам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе