соборец м.

соборец (м.)

По многу години Климент Камилски ќе им се заблагодари на француските леви интелектуалци, доброволни шпански борци, кои со интервенција до Тито и до тогашната Комунистичка партија ќе бараат нивниот соборец да биде ослободен од неправедното обвинение и затворот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ниту неговите соборци, ниту неговите потомци, не можеа да ја продолжат големата борба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стиховите не ја кренале добрината, туку ја жегнале лутината. Спукале и неговите борци и соборци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но за да се раскаже таа сторија требаше да се вратам неколку години наназад, во летото на 1978 година кога за првпат се сретнав со соборецот на Јасер Арафат, големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, заедно со неколку палестински поети, во Струга, на бреговите на Охридското Езеро, кое го сметав и за своја конечна татковина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зарем е можно, ќе се запрашам, бившиот твој соборец, револуционер да стане ембрион?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И да знаеш, Пандо, не ме болеше толку добиениот удар со инвалидска патерица и што ти не, колку што ме болеше свеста дека тие удари доаѓаа од соборци, од луѓе со кои крвавев не само во еден ров, со кои сум јадел од една порција со една лажица, ја делев капката вода, догорчето, животот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го видов на телевизискиот екран стариот палестински раиз како стапува на француско тло, истоштен од болеста, со белата нарасната проретчена брада, со изгубениот сјај во очите, со задржаната насмевка, како на жива статуа, со живост задржана само во влажните очи, во пиџама, со сина волнена капа, во придружба на туниски и јордански лекари и неговите најверни соборци од претседателската гарда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
-Сите нас нѐ испревари на тој пат до херојството твојот син а мојот сакан и незаменлив другар и соборец Благоја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По одбиениот пешадиски напад, почнаа да ги поправаат рововите и бункерите, собираа делови од тела на своите соборци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа негово страдање, неговите соборци сакаа да го толкуваат како страдање заради загубените идеали.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мислам дека уште во тој момент, додека го образложував овој дел од мојот исказ, знаев дека ќе бидам погрешно сфатен; дека моите соборци ќе помислат дека се обидувам на нашата борба да ѝ одземам некои од нејзините основни вредности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
120. Укажувачки пример е обновувањето на Македонскиот клуб во Белград и издавањето на весникот „Автономна Македонија” (1905), чиј главен уредник беше некогашниот соученик и соборец на Мисирков во Белград, Софија и Шабац воденчанецот Григорие Хаџиташковиќ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Средбата со мртвиот Рацин, кога пролетта на 1945 -та неговите другари и соборци го носеа од Бистра и Лопушник, од Кичево, од Гоствар, од Тетово и Скопје во неговиот роден град и во неговиот вечен дом на Велешкиот рид.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Кој беше Јасер Арафат? Тој веќе беше во историјата без да го подготвувал педантно, методично и фанатично своето место во неа како неговиот друг соборец од Картагина, раизот Хабиб Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лефтера не го трпи. Не го трпат и соборците.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Париските комунисти, макар што меѓу нив имаше и од ултралевото сталинистичко крило, веруваа дека со нив ќе се солидаризираат југословенските комунисти, меѓу кои имаше голем број шпански антифашистички борци на врвни позиции и тие ќе придонесат да биде ослободен нивниот соборец од шпанските боишта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едно утро, Нуне Волта побарал прием кај командантот и вака му рекол: - Јас друже команданте, можам на вас и на моите другари соборци и на нашите непријатели да му покажам и докажам што можит поезијата, што можит поетската реч.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И така, првата директна претстава за него ми ја откри неговиот соборец, повеќе со перо, отколку со меч, големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, но не во Картагина туку во Струга, во Македонија, на бреговите на Охридското Езеро.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не знам дали го вознемири моето однесување господинот Иван Степанович, но тогаш првпат пред мене лично спомна дека отсекогаш имал симпатии кон својот стар соборец и пријател Семјон Иванович, дека му помагал, колку што можел, и дека, еве, на крајов, го ослободил од оние камати во врска со оној заем за фордот што реално гледано тој му ги должи а сепак не бара да му се платат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Деновиве му пишував писмо на еден мој соборец од тие тешки офанзиви, инаку угледен културно-уметнички деец: „Драг пријателе, Еве ме мене во центарот на светот што го сакаме, како одам од врата до врата нудејќи ги своите сценарија, идеи и соништа.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Повеќе