совет (м.)

Совет: избегнувајте, особено за време на бременост.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Не скршнувај од асфалтот, можеш да зацапаш во локвата“, е еден од честите другарски совети на мојот пријател.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За тоа време на сцената влегуваат некои од артистите.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Пријателот ќе го заврши својот совет со сентенцата: „памти ми ја думата: внимавај на чумата“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зар не се Македонците што се на служба или кандидати за служба тие што го изопачуваа меѓу населението во Македонија значењето на руските владини постапки и ги толкуваат пред него стамболовски и го тискаа да востане, против советите на Русија за благоразумност?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На сцената се прикажуваше училиштен совет кој имаше да решава важни селски прашања.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Претседателот на советот раководи со советувањето и гласањето и гласа последен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Деновиве забележав дека колку што работата на бунарот напредува, толку помалку луѓе доаѓаат навечер на гледање сеир и на давање совети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Членовите на советот не можат да одбијат да гласаат за прашања што ќе ги постави претседателот на советот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мировниот совет настојуваше да најде разбирање кај еден или кај друг да не дојде до пролевање на крв.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Понекогаш се чинеше дека заработил нешто, мислам дека даваше правни совети како бивш судски чиновник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Она на што најпрво се сети тој беше да се обрати до ССМ, од каде што доби мошне добри правни совети за валидноста на известувањето што го доби, а беше запознаен и подучен за неговите права од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работничкиот совет платата мене не ми ја покачи зашто тоа не било возможно без да ми се признае квалификација. Си играа со мене.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можеби Советите ќе ја прифатат нашата вистина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас им давав совети на дада и нејзиниот сакан, како да ја одржат врската под контрола и сѐ да биде супер.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ што сум постигнал во животот е благодарение на тебе…, тато, иако јас ти се спротивставував понекогаш и велев дека не си во право, длабоко во себе знаев дека, дека ти си во право и ги следев твоите совети.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во таков случај одмерувањето на трошоците го врши претседателот на советот, а одлуката се внесува во писмениот состав на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Почнете да се потпирате на брачните советници и брзо ќе станете зависни од експертските совети како да го задржите вашиот брак.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секоја приквечерина, сѐ повеќе набљудувачи се собираа околу дупката и ги кажуваа своите коментари, своите совети и предвидувања.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе