согласка (ж.)
Гласот, оној негов или на некој што е невидлив, прашува со нагласени согласки што ќе види и тој се сеќава на сѐ што гледал во куќата како дете: сабја кулајлија со вткаени букви од сребро во канијата - Смрт или слобода, стари црковни книги од времето на минатовековната игуменија Минадора, француска или германска кацига од времето на Балканските војни, турски тепсии со богати шари, ископани и начнати римски или такви некакви фигури на светци и војници, шандани, кандила, ками.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во системот на слоговно писмо (силабариј) секоја графема одговара на говорен слог, обично на еден пар согласка- самогласка.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Има и случаи, како во индиските алфабети, каде што дијакритичните знаци се користат за самогласки, но обележувањето е обврзно, а се врши со додавање на дијакритички знаци кон согласничките букви.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тоа се „согласничките” алфабети, нпр. арамејскиот, хебрејскиот и арапскиот, во коишто обележувањето на самогласките (со помош на дијакритични знаци) е опционално.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Пишување на согласката њ Се пишува њ: ● Во зборовите: дење, сињак, сукња. ● На крајот од зборот, во зборовите од домашно потекло во стандардниот јазик, се пишува единствено во зборот коњ.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Во арапското писмо, создадено за да ги означи гласовите на јазикот во кој самогласките постојат само во функција на смислата на зборот, не му служеше никако на турскиот во кој самогласките се, како во европските јазици, внатрешните елементи на зборот кој има сопствена егзистенција како и функцијата на согласките.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пишување на согласката в а) Во почетокот на зборот в се пишува во зборовите од типот: влез, внатре, внесе, внук, втор, втораче, вторник, второлигаш, второстепен, вторпат, вчера. б) Гласот в се пишува и во: був, евтин, евтинија, кожув, мавта, мавне, фреквенција и сл. в) Гласот в не се пишува и не се изговара во следниве случаи: ● Во почетокот на зборот: заемен, заемно, заемност. ● Во глаголите преземе, заземе. ● Во прилогот однатре. ● Во заменката сè и во сложенките со неа: сеедно, сеопшт, сеопфатен, сестран и др. 11.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Согласните низи [ts] и [dz] се пренесуваат со графемите ц и ѕ, на пример Кацман од Katzman.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Според Соломон Маркус „тврдите согласници преовладуваат во песните што одразуваат гнев, а меки во оние од кои зрачи нежност“.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
При образување на скратувањата треба да се имаат предвид две начела: – Економичност – зборовите се кратат за да се заштедат простор и време; колку помалку букви содржи скратувањето, толку е поуспешна неговата творба; – Разбирливост – економичноста не смее да влијае на разбирливоста на скратувањето.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Играта на зборови сама по себе претставува суптилен коментар за функциите на јазикот, каде распоредот на согласките ги сугерира бројните потенцијални значења, а во исто време ú се потсмева на конечната дефиниција.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во некои системи за транскрипција тоновите се бележат со броеви.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)