согледува несв.
согледување ср.

согледува (несв.)

Впрочем јас сега ги гледам и согледувам одговорите на клучните животни прашања.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Упорно се задлабочуваше во текстот, прашувајќи се себеси каде греши, што е она што таа не можеше да го види, да го спознае, а сите други (компетентни и некомпетентни по тоа прашање) го согледуваат и му оддаваат огромно признание; што е она толку посебно, толку необично заводливо што тој го поседува во себе, во својот стил, во својата реторика и техника, во својата методика на пишување, што на другите им недостига.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Наместо тоа, тој сугерира дека преведувањето попрво би требало да се посматра како една инстанца во која јазикот би се согледувал како секогаш да е во процес на модификување на изворниот текст, на одлагање и разместување на која и да е можност за дофаќање на она кое изворниот текст сакал да го именува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но што беше она на што сега мислев и бев уверен дека не само го согледувам туку и дека можам, да го изразам со зборови, да го запаметам како кажување. Ебати бељата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако сме логични, тогаш треба да признаеме оти автономијата на Македонија, за која досега револуционерите се бореа, има смисла само во тој случај ако револуционерите согледуваа во нашиот народ такви квалитети и особини што се немаат кај другите балкански народи, а се само наша карактерна црта.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сличното се согледува во тоа што песните од „Две тишини“ продолжуваат да го демнат претурањето од мислата во јазикот кое непрекинато се одвива со секој одделен, изговорен збор на кој било говорител без ниедна загубена капка капната патем, пред содржината на Едното целосно да стане содржина на Другото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но по две години, согледувајќи ја историската важност на Охрид за Македонија, тој во поголема мерка ќе се потпре и врз карактеристиките на охридскиот говор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш, кога ја согледуваш правдината и ја принесуваш на тацна за да може да биде испиена.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Заради потврда на сопственото дело во сегашноста, тој се потпира на минатото онакво какво што го согледува тој и во тоа настојување тврдоглаво ќе ги пренабрегне не само историските документи туку и фактот дека автентичноста на пронајдениот ракопис, колку и заводливо тој да нуди убедливост, не може да се провери бидејќи носи во себе субјективност на наменски пишуван животопис.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Навраќајќи се ретроспективно на настаните, ја согледувам основата на однесувањето воопшто.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Притиснат од егзистенцијални проблеми и согледувајќи ја целокупната ситуација во Македонија на полето на „пазарот на труд“, како и многу други кои се приморани да донесат дома нешто за јадење – Јакшиќ, со своето тукушто формирано семејство, во 2002 одлучи и започна да работи во споменатата градежна фирма како општ работник – непријавен и без никакво осигурување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Фацијалната експресија ми беше хоби. Согледував дел од нивните животи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така таа низ маглата може да си го гледа сонцето, низ зимата да го доживува летото, низ ситници да согледува големи нешта, преку злото да го согледува доброто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Всушност, од деконструкционистичката позиција, преведувањето се согледува како активност која постојано ја притајува присутноста и ја попречува секоја желба.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во судирите и падовите на империите најасно го согледуваше трагизмот на балканските народи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нивната цел беше да применат малку обратен инженеринг, односно да се обидат да ја разберат структурата на границата и како таа функционира, „согледувајќи ги чудните привлечности кои ги спојуваат заедно луѓето од двете страни на границата и во исто време ги држат одвоени.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Согледувајќи ги, уште при крајот на 1941 година, значењето и помошта од работата на иселеничките групи, Владата на САД го прецизирала својот став во еден документ каде што се истакнува дека „Американската влада дозволува, со оглед на истата воена заднина, американските граѓани, настапувајќи како американски граѓани и со полна лојалност спрема САД, сепак да можат да ги симпатизираат народните барања на земјата на своето национално потекло и да можат да се организираат во знак на симпатии и пријателска помош на таквите тежнеења".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Размислувајќи ја согледуваше вистината: можеше со грстови да расфрлува околу себе туѓи пари, да пие и да крши купувајќи и музика и лажно пријателство по крчмите и пак да остане со темно и врело чело - болен заради болеста на брата си и смешно несреќен без Јана.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во истиот момент го согледува револверот од Фезлиев врз масата. Се стрчува и го зема. Го управува во Фезлиев.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Секој обид во еволуцијата да се најде нешто што е максимирано наидувал на неуспех“, согледува Кауфман.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Повеќе