соголува (несв.)
Само пред тебе сум жена... само пред тебе ја соголувам душата уморна од животот... само пред тебе ги отворам картите на судбината..
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Го очекуваа првиот снег. Откај Шар бришеше студен ветар, штипеше за лице и ги соголуваше уличните дрвја.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Квечерина ја раздиплуваше известената војничка карта И на неа се мачеше да го распознае својот глас Врз полегнатата војска низ полето Ја корнеше мовта, го соголуваше камењето на тврдината Раскопуваше низ полето, ги чистеше рововите, И некаде на залез, студен ветер кога надоаѓа од замаглените ѕвезди, Тој долго стоеше простум и со војнички поздрав сам си ја пееше песната некогаш што ја пееја неговите момчиња: Отвори ја вратата, можеби ноќва ќе се вратам...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ама и жена ми ја нема. Гледам само онаму отаде некоја жена, една умрена пријателка на свеска ми, си ги соголува нозете и се прави дека не ме гледа.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Штом сенките некој ни ги отме Зарем нема да станеме глуварче (најпослушно дете на тишината)* што најдробен ветрец го соголува?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Бучната рекичка, што полека ја лока чуката, соголувајќи ги карпите, е граница од кај почнува студена пустотија - камен, камен, камен.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сузанка нѐ посетуваше и ни правеше дотур на волница за плетење, јас и Споменка веќе го заобливме ќебето, а дрвото ги пожолте листовите и почна да се соголува.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како и обично, дури кварот на направата го соголува нејзиното дејствување.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бил премлад да ја соголува во мислите како што ја соголувал во себе, ја кинел и ја апел Арсо Арнаутче пеколната богородица без рожба, златоликата Фиданка Кукникова. Бол, скреж на животот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)