согори (св.)
Драго ми е што јас ќе се спасам додека сите свои ги гледам веќе согорени, како гламни поцрнети од огнот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кога ги сонувам
од морето протерани
без замена за изгубеното
избезумени од промената
и предвреме пресувани фосили
кога го читам внимателно
нивниот ритмичен скелет
тој совршен сонет за патиштата
сами од себе што се делат
и нѐ делат
кога се обидуваат да ми објаснат
што му претходело на сонот
се загледуваат долго во себеси
таму кајшто сѐ е јасно
од шкргите им потекува крв
основната боја на Земјата
да не ја издадат тајната на молчењето
да изгубат волја да се вратат
во својата природна состојба
да ја изменат претставата
за светот но и за себе
затоа што сѐ природно е некогашно
во мене прагот на чувствителноста отстапува
под скерлетниот пламен
на она кое требало да се изговори
а согорело под папокот
афазијата на говорот станува сеопфатна
а мртвата тишина, или со други зборови
смртта, на дофат.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Си можел да оградисаш, да се дамлосаш, дрво брестово да се сториш, да согориш, под себе да бидеш, светлина да не видиш, ко јаре да блееш, човечки да немееш.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ме носи под земји, ме крева Над облаци, ме гори од мрак- До зори, со сласт и пороци Таа река која гори, гори Да ме согори, да ме измами Со жарот, од боговите дарот, Кога сме тажни и осамени Сами од себе заборавени?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
…Кога месечевиот срп зелен меѓу пурпурното руменило завидливо се прикрадува – непријател на денот, со секој свој чекор потајно ги коси ружите, Ги коси сѐ дури не паднат, бледи, во сенката на ноќта: така паднав и јас самиот некогаш, од лудилото мое по вистината, од безумните мои копнежи по големиот ден, уморен од денот, болен од светлината, - паднав долу, во самрак, во сенка, од вистина Еднаш согорен и жеден за неа - се сеќаваш ли уште, се сеќаваш, пламено срце, како некогаш жедно беше?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На потсмев голем беше изложен отец Стефан Писмородецот (сега и од тука натаму Лествичник), и јас, иако не можев да го сакам, сепак го сожалував, оти од височини највисоки падна, како црн ангел согоре и се пеплоса.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)