сожаливо (прил.)
Сигурен во ефектот, тој се навали сега назад сосе столица и го гледаше малку иронично и во истото време сожаливо Коча.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од ѕидот ме гледаше светецот Сава, заштитникот на учениците, благо и сожаливо.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Што да ти правам, многу си загази, - божем сожаливо му велеше тој на Бошка.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
„Господ нека ти е на помош„, пак сожаливо се прекрсти игуманијата и влезе во конакот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во тоа старче Змејко никогаш не можеше да погледне без да се насмевне сожаливо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ех, каков ден... Вели старецот. И ме гледа. Продолжително. Сожаливо. Прекорно.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кочо зеде божем да се обиде, ама Рангел го погледна сожаливо:
- Исклучено!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)