сожалување (ср.)
За сожалување, муслиманите и до последно време не можеа да се ослободат од својата стара предрасуда да гледаат на христијаните како на подолна раса од нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Милосливоста и сожалувањето ќе ги оставам за друг пат!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И го гледам како таму во понизна положба лежи, се врти кон мене барајќи сожалување, а мене и ми е жал за него, ама и се плашам од овие луѓето што на цел глас викаат во мојата чест и слава.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Се симнува да си купи сожалувања од улицата. Зашто нејзината утроба Не знае да расте.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Гледав иронично кон домаќините, со сожалување кон блиските.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ненадејно мислата му се насочи кон можноста за сожалување, компромис и проштевање, или кон било кој друг сожалителен нагон.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Знаев дека го мрази сожалувањето, а тоа можев да го забележам и од фактот дека не реагираше кога јас дури и наметливо ќе ги употребев зборовите што таа последните денови почна да ги одбегнува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Потоа ненадејно, додека ги зацврстуваше бедните крпи околу себе, го надвладеа чувството на сожалување над сопственото уништено тело.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Повеќе како тих шепот на недоумица, исчудување па дури и сожалување.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Близу границата ми пријде несетум една жена од моите блиски по мајчина линија, индиректна рода и ме гледаше час со извештачена доза на благо сочувство, час со извештачена доза на сожалување, којзнае која беше вистината.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Селаните му го заборавиле зографското мајсторство и без сожалување го гледале како ги влече нозете со мувлосан студ во исчанчените колкови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
43. Православјето – најстарата, најраспространетата и основната религија на сите македонски народности, за сожалување, сосем ја загубило од видот својата главна цел да сее братство меѓу народите, да ги облагородува срцата на верниците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По неа имав една Дулчинеја, додуша за разлика од првата, така припроста женичка, ама пусто многу добродушна, но од сожалување не се живее во заедница - ич не ми правеше ќеиф, ич.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Полковниците ги опфати сожалување и долго гледаа по него каде што го влечкаа луѓето надолу по патот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кое од восхит, кое од сожалување.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но овие луѓе го гледаа татка ми со големо сожалување како севезден ја влече црната чанта со книги и не стигнува да ги прехрани своите слабички деца.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тоа дури ќе предизвика потценување и сожалување.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
- Сѐ што се прави, велам, се прави за пофалба или од сожалување.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не, немам сочувство и сожалување за таа старичка, ами само восхит...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сред сета онаа арогантна турканица, таа ми праќаше охрабрувачки погледи,со неприкриена нотка на сожалување, што ме натера, токму на полноќ, откако буричкајќи по џебовите најдов две згужвани, испотени, но се уште читливи хартиички, да скокнам од мракот, си истуркам пат и лежарно му го земам микрофонот на едниот од гласноговорниците дркаџии.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)