соземе св.

соземе (св.)

Се созеде. Продолжи да дише длабоко.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Толку беше возбуден, занесен. Но веднаш се созеде.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прво таа како да ме праша дали ќе ѝ го направам тој себап , а потем јас како да ја прашав дали сака и уште што немав почнато да пречекорам во таа сауна за која веќе имав платен билет кога таа се созеде, со рацете се фати за блузата, заградувајќи се и се исправи во постелата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајка се растревожи, ја навасаа семожни мисли, за родата таму, за своите деца овде, за нивната иднина. Тешко можеше да се соземе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од пазувите го вади часовникот, откако погледнува во него и ставајќи го пак в пазува вели: Време е да ги оставиме домаќиниве да се соземат малку.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете така ја потфатив, ѝ фрлив трње в гаќи, само за да се соземе, а потоа уште еднаш и повторив дека чевлите многу ми се допаѓаат. Ептен ги погодила!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ги зачуди и Дедомразовите живи очи, иако неговото срце, подзапалено од симпатијата, во одредени моменти знаеше да се соземе, да падне на земја смирувајќи ја топката огнена што удира во мирните вијуги на неговиот мозок.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кутри Донче Спискоски, ја испушта капата од раце и само се држи за градите, се префаќа. Му залетнува некоја осилка и му се кинат некои конци под рацете. Не може да запре, да се соземе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ништо не ми е украдено, ниту пак нешто имам за криење, ами дали навистина некој можел да ја гибне пљачката или мене така ми се причинува – не знам!“ рече Едо брезничанецот и пак продолжи на начин на кој како да му даваше време на авторот да се соземе: „Ако бил некој, кој може да е тој и што барал да ми влегува дома!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сум толку во тесно што чинам како божем да се сведувам на зрно кое секој час ќе се соземе самото во себеси.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
XVIII Градот како да беше под окупација поради ненадејната појава на Чанга со козите. Властите и партијата беа првин збунети, но бргу се созедоа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Останав неколку минути пред дрвената порта, да се соземам од доживеаното.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Водачот на козарите Чанга не можеше брзо да се соземе од овие неочекувани зборови по поздравот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Одвај се созедов. Гласно реков, како Бог да ми беше сведок, соговор­ник, во тишината на смртта: „Леле, леле, црна јас, да останевме, тука ќе ни беше гробот!”
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само за миг се созеде и пак се загледа во далнината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го пренеле в болница и штом се созел, ја прашал сестрата, која веќе му ја измерила температурата: Колкава е?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но нејсе, морав да се соземам, да продолжам, моите чеда растеа, требаше да се мисли за нивната иднина...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Газдата на арабаџиите изгледаше збунето, но брзо се созеде.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко не можеше да се соземе од големото изненадување. Ја придушуваше возбудата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Повеќе