солен (прид.)

Воздухот стануваше солен. Се мешколеше во ноздрите, печеше суво.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе ти направам супа од хумор солен, настина насмевката.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Во друштво со неа крај морскиот брег, брановите звучеа како погонска сила за неговите чувства, дуваше освежувачки солен воздух со блага доза на афродизијак, добрата риба беше предобро приготвена и белото вино толку лесно му се лизгаше низ грлото правејќи сѐ пред него да биде рамно и проодно до бескрај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На кантар студен со туч го мерат а можат ли да го измерат, нашиов тутун - нашава мака нашава солена пот!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Доаѓаш те гледам за едно простување, за еден непребол да ги измиеш образите од солените рекички со јазикот да ја згасиш врелоста на моите усни доаѓаш да бидеме еден сон и едно утро но посреќно од денес да бидеме едно срце, да збориме со една уста...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Саде темнина има во солената катедрала - ни зрнце бела сол, ни капка бело солило, во кое во селата или во рестораните надземи се засолува говедското, на пример.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Само што ќе го наслушнете внатрешниот Глас алхемијата на домот веднаш тргнувате ни риби, ни змии на далечен пат, само вам знајниот Млечен пат од слатки и солени води на деноноќни бесони патешествија во кои го составувате едниот крај на светот со другиот па повеќе не е јасно дали егзилот е траума или радост на преселбите да се биде и таму, и ваму од светот да се направи меѓусвет секогаш да недостасува нешто суштествено од едно и едно да се направат три носталгијата да биде дискретна смисла на опстанокот која ревидира сѐ и повторно ги дефинира и селидбите, и враќањата и татковината, и туѓината!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А месото ни солено ни пипрено. Сол се нема ни за в очи. А несолена уста и вода не бара. Ја пиеш, а како осилки да голташ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слушам: секој што ја градел катедралата сакал - нејќел се заплеткувал во сопствените корени а тие биле цицел солени, од многу машка пот а и од женски солзи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со загадочна насмевка се провлекуваше низ блутникавите рефрени и распашани подвриснувања и оставајќи ги се спушти до солениот, карпест брег, со поглед закован врз смиреното море, над кое трепетливо испаруваше Месечевиот бакнеж.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се сети на нејзините меки усни натечени и солени од солзи и почувствува дека крикот што расте во него ќе го разбие однатре... ...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тука земјата беше многу солена и црна Зашто сѐ од изворот што ќе потечеше Суша ги цицаше и жед.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Се чу себеси како ветува дека ќе лаже, ќе краде, ќе фалсификува, ќе убива, ќе ја поттикнува употребата на дрога и проституцијата, дека ќе шири венерични болести, дека ќе фрли солна киселина во лице на некое дете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да, јас ги изградив тие скали, бришејќи ја од челото потта секој момент, солена и слатка во исто време, ги изградив скалите, моето дело го измени просторот, го измени раката моја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Малку благ од тиквата, малку лут од црвените пиперки, малку повеќе солен, елем, залак се топи, пиперки се шмукаат, бардакот се накрева де од еден, де од друг.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Филозофот се насмевна и праша сосема непритворно: „Зарем треба да се испие цело море за да се сфати дека неговата вода е солена?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пенест звук ми ги бодина сетилата - има мирис и меѓу стиховите што пробива солена и пловна снага да се допре, да се види пред да се опише.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Нѐ заплиснува по некоја солена капка од морската вода. Високо над нас – полна месечина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само отров на куќниот праг ситен прашок компирова златица зрнца солна киселина, пипс и питроид: само безброј залудни барикади затворени прозорци јарко сонце: само споменот на Елизабета и египетско-римската сценографија.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе