соли (несв.)
Дури сега се сеќавам дека само за едно би се повратил таму: да им солам памет на соседите околу, да им се жалам да им правам незгоди.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ти ли се најде памет да ми солиш!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Како тазе Американец јас немам право на глас уште минимум четири- пет години, па дотогаш ми останува само кирилично да мудрувам и да солам памет на мајчиниот јазик.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Еден ден Добрила нешто ја навредија, па таа налутено му се врекна на еден новопромовиран шеф: До вчера се криевте по шифоњерите, а сега ќе ми солите ум.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Сѐ за тие пусти пари е маката. Без пари ништо. И манџата се соли со пари.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Најинтересно е што во таа лежечка состојба, сите почнуваат да солат памет.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
- Кој како си солел нека си срка, како си дробел, така нека си јаде.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- А, така ли? Ти уште знаеш и памет да солиш? - викна татко му, се спушти на него, го собори и почна да го тепа.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
МАЛИОТ: Ако е добро, нека биде добро и немој да му солиш…!!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Се смрди селото од риба; замириса сѐ на риба: и алиштата и постелите по куќите, и садовите, и водата за пиење, и млекото, и здивот на луѓето, и изметот; ги солеа луѓето, ги ставаа во грнци, во каци, во сѐ што имаа, ги сушеа, а скапаните им ги фрлаа на мачките што се накотија и изнадојдоа од сите села: мораа после со пушки и со отров да ги ништат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Пушти го, жено! Тој е свој човек и немој ти да му го солиш паметот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Има значи такви луѓе, не се ретки, што претеруваат со фалбите, па само ако најдат некоја жртва да ги слуша, ќе солат, ќе солат, та и ќе пресолат.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
7. НЕ СЕКОЈ ПРЕД ИКОНА САКА ДА СЕ КРСТИ - за на светецот да почне и да му се моли, некој така ќе ги стокми трите свои прсти за со туѓа ситна памет себеси да се соли...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Знаев како со татко ми, знам како со него. Немој да ми солиш памет!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)