сооднос (м.)
Метафора настанува во соодносот меѓу далечните нешта кои ја сугерираат смислата без да ја променат супстанцата на тие нешта.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
што пијат, едниот слатко кафе, другиот горко, а третиот чај и не јадат сите иста сарма со месо во сооднос 700 грама јунешко, 300 свинско, бидејќи таква му е верата на едниот од нив, па треба да му се испржат јајца и тоа во тенџере, зашто до тавчињата не може да се дојде од многу нафрлани работи,
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ме убиваше нивното лицемерие, бидејќи во секојдневната работа, во тој сложен и необјаснив сплет од околности и соодноси, сите ние се проституиравме на различни начини.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
За означување опозиција или сооднос: црно : бело, носи : износи, оди : изоди, избра : бере : избира : избор.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Животот им се состои од собирање на празни лименки и стаклени флаши што ги мењаат у сооднос ”вреќа ѓубре за едно пиво”.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Каков е соодносот помеѓу овие два системи на писмо?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа значи дека постои огромна дискрепанца у соодносот 1 богаташ на 10 шмизли, што укажува на фактот дека, сепак, поголем број од шмизлите ќе останат со прстот у уста.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
При транскрипција на англиските гласови треба да се земе предвид изговорот на британската и на американската варијанта. Сепак, најголем проблем при споредувањето на гласовните системи на англискиот и на македонскиот јазик претставува ортографијата на англискиот јазик.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Нештата не беа само чудни и необични туку не беа во сооднос со него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кампот и убавината дејствуваат во строг меѓусебен сооднос, а кампот најдобро се разбира кога се гледа во тој односен контекст – како начин на машката геј-култура да се обиде да се одопие од сопствената еротска и естетска страст кон мажествената убавина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо тоа, таа мобилизација создава полиња на практика и чувствување што ги исцртуваат можностите за контакт или сооднос помеѓу културните форми и нивните публики, нивните потрошувачи и нивната јавност, а кои се пренесуваат од една на друга генерација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)