сопка (ж.)
Тоа се типови луѓе кои најчесто се вработени во институциите кај овие првиве, а нивната главна особина е длабоко да пенетрираат кај нивните претпоставени задници со што ќе успеат да се одржат на позицијата во која се дочепале и притоа да не дозволат на конкуренцијата да им го заземе нивното место, а најчесто служејќи се со своите вешти кодошко-лакташки особини секогаш ставајќи му сопка на соперникот и увек гласајќи за партијата која ги убутала на тоа работно место.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
И ќе се сопка на грутки, на длапки, ќе паѓа и ќе станува, дури не му се испразни душата в уста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Нивните хумористични емисии понекогаш се слушаа повеќе и од политичките говори. Не само кадровикот, туку и директорот требаше поначесто да ги зауздува преку уредникот да не претеруваат, да не му наштетуваат на опшеството, да не му поставуваат непотребни сопки во неговиот бесконфликтен напредок.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега се стискаат тајни шеп-шеп шепотари и јавни вревачи по фудбалските натпревари - жив доказ дека сегашноста сепак му завидува на минатото, тука, каде што некогаш сетики врвел и Јане Сандански, со очила за сонце и со џепен саат закачен за реверот со сребрено синџирче, а зад него, се разбира, врвеле и тајни агенти кои му ставале сопки на времето кога ќе подзабрзало.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Зборувајќи сешто, без многу да размислат некои од македонците, понекогаш како намерно да си создаваат сопки на самите себе си: се увредуваат како нација, се понижуваат пред другите, сѐ со цел да му угодат на гостинот или соседот, величејќи го него од почит или не знам од која причина?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Иако за глава покус од Миќо, јас бев спечен и жилав и знаев многу вешто да се служам со борењето со сопки, та Миќо за час се најде испружен на земја.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се прават прво закачки и потфрлања, некои дури и за сметка на самиот водник, некои доста успели, така што и Грнецот се потсмева; после се преминува кон дела, кон клавање сопка или слично, та водникот, што инаку великодушно мине преку шегите на своја сметка, мора да се сврти и да се кара: „Ајде доста!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)