соплеменик (м.)
Тие, Акиноските, горди и довечерашни лути непријатели на Турците, многумина нивни блиски соплеменици паднаа во боевите против турските завојувања на Македонија, ниту не можеа да помислат на исламизирање; беа длабоко уверени дека единствено е добра и исправна верата христова и силно ѝ беа предани нејзе, а Лажниот Мустафа, пак, за сѐ добро известен, како да негуваше одредена почит за нив, како да не сакаше да ги понижи повеќе од што беа понижени со самиот факт што тој, туѓинец, господари со нив, довчерашни византиски господа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Црниот Пандил Димулев, тревар и соплеменик на Проказниците, војник и мудрец како што учел од Тоските со кои некогаш, како дете, бил со одметнатиот татко, му шепнал на челникот да ги остави луѓето да се смират; тие без заповед ќе ги повлечат двоколките кон царски друм кога ќе престане дождот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тие, Алиловите потомци, раскажуваа дека додека едни од нивните одамнешни соплеменици работеле како аргати по чифлизите, други ковале српови, дупчеле решета, потковале коњи, трети, жените и децата, вражале и краделе по селата, тој, ли, некогаш убав и силен ковач, тогаш веќе остарен и ослепен, останувал во чергата, а со него, за да го чува, Шава, прекрасна и немирна девојка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Чуден беше тој Јован Аиноски; со ништо, ама со ништо не си сличеше на другите свои соплеменици, поблиски и подалечни.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Неговите соплеменици никогаш повеќе не го нашле неговото тело.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)