сотона (м.)
Нека се мавне таа сотона од селово сосе онаа машина за штракање.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не гледаш ли како рипнале на мене како црни сотони од пеколот?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ослушувајќи ја со некој внатрешен слух болката во здробената рака, се исповедуваше како пред сопствен олтар: кога имав седум години пронајдов дека чевларот од нашата улица не е некој друг туку самиот сотона.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Оној Исус не напаѓаше луѓе и само сакаше да запали куќа за да го изгори сотоната. „Курвино семе“, а само малку пред тоа држеше влажна крпа врз удреното око и, гледајќи се во напукнатото огледало на сивиот ѕид, мислеше на сѐ што мисли здрав човек.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Со добрина гостев, со убост ме нагостија, не улев на Бога, не ме стигна ни улерата, Господ ме чуваше од сотоната, ангели ми шетаа по домата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сотоната, нога крива гром да му ја сотре, ги потерал пред себе.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Така му зборувал во сонот лично Сотоната на најмудриот, иако тој беше по својот умјаз најдалечен од Бога.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А овие изрипаа од дупка како сотони од пекол, па, ти си ни кум! Циганска работа! Тоа ли е ред!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПАНКО: Со тебе сотоњак човек не може човечки да зборува. Туку со нив ќе се расправам.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
- Сега ќе те однесам дома, сотоно. Лежи на прегреан цреп, кркај тикви печени и прави деца.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Бегај, сотоно. Горниот ќе те казни.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Не играј си, дедо. Каков сотона? кришум ме гази Капсула.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
ТЕОДОС: Сотони, сотони, поарно в ковчег на гробишта да ме однесете!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)