спасител (м.)
Што мислиш за болката на Синот Спасител Положен на одарот што човекот го смисли За да го прикаже достоинството на смртта?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Таа жртва ќе биде во името на вредностите на кои учеше Спасителот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Дојде време за Содома нова Спасителот мора пак да се врати дојде време за откровение на Јован секој за своите гревови да плати
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Татко мораше да се варди од тукашните денунцијанти кои сакаа него да го видат меѓу „домашните спасители”.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Го држевме сите за раце. Го гушкавме како наш спасител, од нешто што и самите не можевме да одредиме што е.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се враќаше од неизвесноста нашиот голем спасител.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој ја стискаше цврсто за рака како што давеник стиска спасител и никако не се делеше од неа, а ако таа го оставеше за малку, тој веднаш ја бараше, ѝ викаше да ѝ го чуе гласот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Вечната клетва секогаш ќе те стигне Во секое време, низ животи многу Одлучи понизен да бидеш пред Свјатоме Богу И секогаш во предност пред другите ќе идеш Ќе бидеш признат, ќе бидеш свиден Ќе бидеш благословен и можеби некој иден Наш спасител, месија пратен Од народот свој по барање вратен Нови надежи да донесе во земјата ветена Неомеѓена, единствена, осветена! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Светецот на Манастирот беше спасител, исцелител од болки и зло на сите добри луѓе, без оглед на верската припадност.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Еден цел жив свет на големото Езеро и околу него, го губеше својот голем познавач, пријател и спасител.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Господ сакал Богдан да се јави како спасител, да ѝ ја ослободи душата од оковите и да ѝ го исполни срцето со радост и љубов.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тоа се будеше како отворена утроба со своите илјадници живи организми, последни живи фосили, кои како да ги поздравуваа своите спасители…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И еве, мој пријателе, ние стануваме спасителите на тоа што можело да се спаси од исламско-османските вредности во доменот на лексиката на балканските јазици!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И последните лисја се одронаа од пазувите на спасителот, и оро развиори А ноќта ко уплашена срна се стутка зад голите карпи Росно утро, врз моето чело, во хаосот на мислата...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Кучињата во него гледаат спасител и му ја откриваат својата мака преку своето држење, гледање, цимолење, завивање.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Неговиот судија или спасител се наведнал. И самиот веќе смирен, речиси и глув и нем, минувал со палецот на левата рака преку челото на старецот, барал и стискал додека не почувствувал мека гасеница под челото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јас сум неговиот Спасител.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Рацете на своите спасители сѐ уште ги стегаше цврсто. Не ги пушташе. Како да се прекоруваше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Станав дипломат со дипломи. Но требаше да се биде вистинскиот дипломат како Татко во преживувањето, во фугата на балканскиот егзил, во постојаното потврдување, во вечното прилагодување, во неизвесната одбрана на животот, спасител на семејството.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)