спаѓа несв.

спаѓа (несв.)

Со оглед на фактот дека во претходната тродимензионална ера владеело светото тројство во кое спаѓаат отецот, синот и светиот дух, сега се додава четвртиот елемент, а тоа е мајката.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Камењата туженото лице ги вади со експлозивот; видот на експлозивот, количината и начинот на употребата не ми се познати; не можам да се произнесам дали пукнатините на куќата што се предмет на оваа расправа, се произлезени од потресите на експлозиите на мините при вадењето на каменот или се од нешто друго зашто тоа не спаѓа во доменот на мојата струка”.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Оваа „високообразовна” и профитабилна институција од спортски карактер започна да се развива пред околу 15 години и денеска може да се каже дека спаѓа во редот на најатрактивните и најпосетени места во градот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Потоа хомосексуалците фатија да објаснуваат дека тие не ни бараат право на црковен, ами на граѓански брак - што не спаѓа под јурисдикција на мистер Бог.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Таму надлежните не реагираа, не сакале да го будат Водачот за оваа локална мешаница, впрочем тој и не се занимаваше со козјиот проблем, којшто повеќе спаѓаше во доменот на главниот идеолог на партијата и стратег на системот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
В ред, в ред, можеби присутните во оние произволни тврдења на Николина Кралева што беа изнесени во форма на неуверливи претпоставки можеби согледале вина и грдо однесување од страна на мојата по малку чудна личност божем наклонета кон тривијалности и недолично однесување; можеби им биле прифатливи и таканаречените љубовни авантури со несоответни личности (ова обвинување всушност ми годеше иако спаѓаше во оние таканаречени голи измислици со оглед на моето сиромашно љубовно искуство кое во тој период сѐ уште беше сместено во одделот желби и соништа) итн.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука пред сѐ спаѓаат лешинарите пензионери кои имаат по 70 години, а вредно се бореле у другиот Светски рат тастирајќи ги вистинските борци кои воедно и загинале, а за тоа биле наградени од државата со нивните борилачки пензии кои изнесуваат колку 2 просечни плати.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во многуте веќе спроведени промени... спаѓа и условот сите нови бруцоши да запишат задолжителен курс за постмодерно внатрешно уредување...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Заборави го нашето недоразбирање. Не спаѓам меѓу злопамтилата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Третата категорија луѓе се драпачите на мадиња, а тука најчесто спаѓа армијата невработени.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Најризична за театарот е групата во која спаѓаат актери кои свесно го избегнуваат својот удел во актерската игра.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се дозна дека селото спаѓа во спорната зона која своевремено големите сили ѝ ја уцртале на Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тих и повлечен во себе, безвиновен во ред работи, во кои спаѓаше и допирот со жените, Пискулиев сепак не е од оние луѓе со студена душа, тешко достапна за срдечни трепети.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во дела, каде што поетското чувство е органски вградено во раскажувачкото, без да го загрози или да биде загрозено од него, спаѓаат и расказите на Михаил Ренџов.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Е нема веќе саглам врска, да се пофалиш!“ - вели мојата сосетка мислејќи при тоа дека во тој куп не спаѓа нејзината, која е од оние што траат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бројките не се дискурзивни и затоа не спаѓаат во редот на абецеда. Затоа и зборуваме за алфанумеричкиот код.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со своите бројни стада, со шарпланинците, посебно со својата мијачка облека и говор, и со сточарската исхрана, бакрданик, сирење, грав, и овчка пастрма, за сите пелагониски селани, посебно за жителите на Потковицата, во чиј синор спаѓаше заветрината, мијаците претставуваа вистинска атракција но не и туѓинци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Изгледа одбраната од Насилства не спаѓа помеѓу обврските на ангелите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Повеќе