спектар (м.)
Не беше заинтересиран за каков и да е природен феномен, ниту за спектарот на кој и да е елемент.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Виножито од бои и широк мирисен спектар.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Еве ти уште еден пример. Си видел ли некогаш месечина околу која се протега кружно виножито, кружен спектар од бои во различни слоеви светлина?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Најимпозантен објект во опсерваторијата е сончевата кула, која е опремена со најсовремени апарати. Тука работи и д-р Сотировски кој ѝ се посветил на спектарската анализа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Може, на пример, да се каже дека боите предизвикуваат звуци, а звуците калеидоскопски спектар на најразновидни бои, дури и со затворени очи.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Навистина многу сложен спектар на бои и зраци во сите правци!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во спектарот од виножитото, го присадив питомиот насмев.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Можам да останам заглавена нијанса во твоите ириси, темна сенка на емоција исчезната од спектарот.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Војната, окупацијата, крвниците, исчекувањето на Пролетта - Револуцијата, борбата, колективизацијата, бесмислените селски конференции, напорите на селскиот секретар Тацко Настејчин - цел еден спектар од историско социолошки премиси што го одредуваат животот и промените на нашето село во последниве дваесетина години е вткаен во лирско проѕирното ткиво на Чинговите прозни кажувања.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И од тој најширок спектар на емоции во една референтна рамка или основна архитектура на менталниот живот во чии темели се посветеноста, чесноста, лојалноста, грижата, одговорноста, самодовербата, сочувството, љубезноста, трпението, трудољубивоста, смирението, воздржаноста, хармонијата денес како да е отсечена сиопсата, врската со емоционалните центри во мозокот со што се предизвикува хаос во процесите за расудување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Градејќи го сопствениот идентитет како непосредно визирање со сондата поетесата Олга Наумовска со изразот на лириката , суптилна, со нагласена естетска нишка гравира еден спектар на судбини, поетски пронаоѓања во срцето, во душата, во сопствената големина, но и во големината на другата имагинарната страна.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Преку викенд обично јас и мојата сакана фаќаме магла и шетаме по егзотичната околина: Санта Барбара, Риверсајд, Лагуна Нигел... или безгрижно тулумариме по широкиот спектар од киносали, паркови или барови што оваа цивилизација го пружа.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Широки димензии на една поетска сфера која во својата содржина вметнала шаренолик спектар на интересности.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Стрејт- жените и лезбејките, буч-жените и фем-жените, како и жените што се различно позиционирани на трансродовиот спектар различно реагирале на машкото геј- културно преприсвојување на женственоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј- идентитетот е никакво средство со кое би се доловило какво е чувството да се биде геј, затоа што не успева да го преведе во изразен облик целиот опсег и спектар на геј- желбата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Генеричката разлика што ја прави подлогата на оваа културна бинарност, значи, постои веќе подолго време.
Насловниот лик во „Случајот на Пол“ од Вила Катер (1905) во себе го втелесува сиот спектар на машкиот геј- сензибилитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова Ајдахо беше сосема различен дел од спектарот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Оттогаш па сѐ до денес, во ДУТ „Спектар“ – ДОО Битола не е формиран нов синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ко суштество кое се бори со последни сили во кошмар со акварелен спектар на човечкиот ум, кој заминува во вечност...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Највпечатливиот залез, каде што грздот разнобојни зраци се преточуваа во спектар бои.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)