спикерка (ж.)
Нежниот глас на спикерката и благата музика ги следеа заледените фотографии на советските градови во кои живата се симнуваше до 40 степени под нулата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во еден миг, во една информација за војната спикерката на радиото нагласи: Доколку престанат монсунските дождови ќе продолжи бомбардирањето на виетнамските позиции...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со последното крајче од свеста го регистрирам нежниот глас на спикерката...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кога се вративме молчејќи, скитајќи од една до друга пустош во душата, чувме прекрасна вест: спикерката на телевизија соопшти дека во Македонија узреале првите цреши.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
СПИКА - На убавата ко слика спикерка во кревет ѝ се спикал еден спијач. Како е твојата спила, драга моја; пие ли нешто “, или има спирала!?“, ја прашал спијачот изненадената спикерка. „Пие спиритуално и мрази аспиранти!“ рекла спикерката. „Дишан“, рекол спијачот, „спиритус, спирала, аспирант...“ „Гринавеј“, рекла спикерката, „лошиот господин Спика и фината Џорџина...“ „Ете, сплискавме уште еден разговор“, рекол спијачот. „Без да спискам!“, рекла спикерката. Спијачот се насмеал и заспал.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)