спокоен прид.

спокоен (прид.)

Полуостровот за сега ѝ е под мирисливото здолниште а заразата од раните не се шири и не достасува како болка до нејзата спокојна свест и до студената совест.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стоеше на тој раб помеѓу свесното и несвесното, таа припаѓаше во исто време и на длабокиот спокоен сон и на околниот надворешен свет во момент кога спиеше, одеше по работ, на тенкиот хоризонт на нејзините очи и чуваше стража на самата себе!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Вака тој живееше и работеше мирно, во малкуто спокојно време пред неизбежните настани, кои сигурно не одеа во негов прилог.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секому веднаш му паѓаше в очи по неговата сина отворена боја на облеката. Одеше исправено, со спокојни чекори и гледајќи само право и далеку пред себе.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Чиста и спокојна ќе клекнам пред неа!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Изгледа дека се спокојни само децата кои , по дебелиот снежен килим на софиските улици и паркови, без прекин се санкаат, се валкаат, прават снежни топки и со нив фрлаат по своите врсници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие што успеваат да се ослободат од притисокот на амбициите во нивната свест, сигурно го имаат клучот на спокојната среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
4. ГОЛЕМ ЗАЛАК ГОЛТНИ, ГОЛЕМА РЕЧ НЕ РЕЧИ - притоа и сит довека и спокоен до гроба ќе си, со таа слобода и пред олтарот на ропството клечи и моли за своето право да бидеш тој што не си...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Наставничката предаваше, ја гледав внимателно, право в очи, веројатно мислеше дека сум многу заинтересиран, ама нејзините зборови летаа покрај мене и низ отворениот прозорец одминуваа надвор - во спокојното септемвриско претпладне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Стоел исправен и привидно спокоен сокривајќи ја својата потиштеност најмногу заради споменатата тепачка на дојденците со Турците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Греј се тука и молчи. Беше спокоен, но не можеше да заспие.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Големото лице му го возвраќаше погледот, полно со спокојна моќ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нејзините перформанси на еден вознемирувачки начин ги комбинираат спокојните, банални, секојдневни активности, повредите и болката - голтање на гнило мелено месо додека гледа ТВ-вести во намерно неудобна положба; наизменично ранување со жилет врз стомакот, очните капаци, лицето и рацете додека си игра со тениско топче (Психа, 1974); бескрајно гргорење со млеко сѐ додека исплуканата течност не се обои со крв (Sang, Lait Chaud, 1972); искачување со незаштитени стапала и дланки низ скалички составени од жилети (Escalade Sanglante, 1971).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во минути на смирување, кога спокојното размислување го потиснуваше трагичното чувство на безизлезност, Арсо се враќаше кон напрежните свои убедувања дека вистинската смисла на човечкото живеење е во непрекинливата акција, во непреодливата волја на човекот да дејствува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Двете чорлави, бездомни деца се населија во него и првата преспиена ноќ во вагонот беше една од најмирните, најспокојни и најрадосни ноќи во нивниот скитнички живот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сите имаа спокојни лица, беа озарени со некоја благост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Иако гласот му беше спокоен и утешителен, дојденецот се лизна на подот покрај камениот ѕид и, така седнат, си го покри лицето со дланките, како за плач.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И така, јас останав без темелна верска наобразба и култура, а го немав наследено ниту спокојното верување на моите родители, особено кога ни беше тешко во животот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од врата кога ќе влезев во училницата каде што вежбавме не можев да не ја забележам искрената широка насмевка на лицето на Вера, со која ги освојуваше сите деца, скоро без исклучок, како и со топлиот спокоен глас, со срдечноста, со присноста, со топлината во очите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таков: карпи од чии врлежи се образува неспомната, ни во книга ни на слика, царска тврдина со стотици пештери и пештерчиња низ кои се спровираат лачи, под облаци чија боја е згуснатост на спокој и на кои лежи бакарно-портокалеста дамка и предвидува дека од некаде ќе скокне со јунешки пркос сонцето и ќе ја измени бојата на темната, спокојна, скоро мртва вода на чие дрво се претчувсвтвуваат билјурни ѕидишта на манстир; низ прозорците на ѕидиштата се провираат сребрени и модри ластари, на нив висат гроздови од мали сонца.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе