спокој (м.)

Лесна потиштеност го обзеде мојот спокој, Ко гранче шимшир со горчлив вкус, насмевка по образот, во виртуелен свет...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во спокој ќе живее сѐ до времето кога во Тирана ќе биде фрлена бомба во советската амбасада.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Радиото како да сееше терор во оваа куќа која со години зрачеше спокој.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во семејството беше изгубен поранешниот спокој, татковата сигурност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Низ земјата крстареа регуларни воени трупи и одметнички банди, поворки бегалци кои барајќи спокој и спас се движеа од север кон југ, од исток кон запад на земјата.
„Граница“ од Луан Старова
Бремето сѐ повеќе се оддалечуваше, со себе носејќи ја нејзината болка, оставајќи можност на спокојот полека да се избиструва.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, од неговиот израз, не можеше да го забележи спокојот и задоволството на пристанот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа мисла не ѝ даде спокој.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Козарот веднаш го впиваше татковиот спокој, сигурно добиен од вечното читање.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го гледам тоа тркало на тие дамнешни сништа полето како го буди врз таа земја сува и дури се вишнее класот и брегот дури листа базјето спокој и очите ги чува.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Налетав на дузина интелектуалци мудруваа гласно ко кучиња чопор се јадосав, сакав да ги ишамарам сите сметав дека тука не припаѓам воопшто Од сите тие повраќаници гнасни почна да ми се превртува желудник блеев ко теле во ѕидови празни во салата не видов ниеден згоден задник Се чуствував како бескомпромисен лудак од тие бескорисни пијавици гадни со дебели задници фотељи што дупат одвратни џганови интелектуални Отидов до паркот и налетав на старци заљубени парови се шетаа често во паркот не видов интелектуалци го вратив спокојот и срцето на место
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И помолил, за спокој на душата, сета машка челад на Мечкојадовците да носат обетка на левото уво и да колат сѐ што е дворјанско, под самур - калпаци, во зелени долами везени со злато и во кафтани од срмен кумаш ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во авионот владее ноќен спокој од колективниот сон на патниците.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За еден обичен каталог, моден каталог, требаше да се жртвува спокојот на емигрантското семејство кое, со маки, се здобиваше со довербата на луѓето од новата средина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таков: карпи од чии врлежи се образува неспомната, ни во книга ни на слика, царска тврдина со стотици пештери и пештерчиња низ кои се спровираат лачи, под облаци чија боја е згуснатост на спокој и на кои лежи бакарно-портокалеста дамка и предвидува дека од некаде ќе скокне со јунешки пркос сонцето и ќе ја измени бојата на темната, спокојна, скоро мртва вода на чие дрво се претчувсвтвуваат билјурни ѕидишта на манстир; низ прозорците на ѕидиштата се провираат сребрени и модри ластари, на нив висат гроздови од мали сонца.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Твоите сништа спокој шират, духот твој нѐ сплотува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Некогаш успеваше, низ забрзаноста или низ бавноста на нашето чекорење, да ја открие и нашата расположба, нашиот немир, нашиот спокој.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Спокојот кубе коса. Совеста си ги грицка усните.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во него лутината и спокојот, бесот и добрината, чемерот и радоста, моќта и немоќта беа толку испреплетени, што тешко можеше сам да ги раздвои.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе