спомнат прид.
спомне св.

спомнат (прид.)

Се разбира во врска со спомнатите противречности ништо не ми појасни ни оној случај за циркускиот гимнастичар кој при една вежба во која учествувале сите делови на неговото еластично тело успејал толку добро да се заплетка што морале да побараат лекар за да го разврзе кутриот атлетичар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа не може да служи за заеднички литературен јазик на Бугарите и Македонците, зашто не може духовно да ги обедини врз еднакви права сите три спомнати области.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
До спомнатава вечер протекле речиси три месеци во бдеење над судбината на мисионерката чие што грабнување возбудило многу Дворови и многу Царства ширум Европа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дека најмалку можело да станува збор за шпионче бидејќи спомнатата личност во текот на војната била курир на другарот Ведран.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Си заминав од под спомнатата лозница пред една година и неколку месеци без збор да ѝ речам на тетка Боса за втората смрт на Благоја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина, не можеме а да не сочувствуваме и ние со комитата Ѓошо Савев во врска со неговата ваква обземеност од сонот на Акиносуко со оглед на спомнатите услови и посебните околности во кои се одвивала живеачката на борците за слобода.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во спомнатите „Комитски ливчиња“ посебно се инсистира на нејзината кооперативност и спремност да ги споделува со Студентот и своите интимни дилеми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наиде на спомнатите скали со мрежеста ограда, се качи по нив, а потоа низ долгиот ходник тргна кон канцеларијата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дали тајновитоста на тие пораки не го актуализираат она веќе изречено сомневање дека еден од можните одговори или решение на оваа гатанка е содржано во спомнатото веќе сако?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На моите долги прошетки покрај рафтовите, продолжи тој, во средбите со книгите, (имајте предвид: на овие катови се пренесени речиси сите знаења што им пречеле на некогашните поробувачи поради идеите застапени во нив) се среќавав и со таа веќе спомната вечност на вистините.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бидејќи спомнатата изненада претставуваше некаква средина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека ќе бидете збунети а можеби и ќе посакате да ја напуштите намерата да продолжите со потрагата заради онаа небулозна а и загадочна порака Влез во безизлезот што стои на спомнатата врата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Затоа Милошевски да престанел да интервенира бидејќи за спомнатото шпионче можело да се случи да се заземе и лице од највисоко место во Внатрешни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
(Напоменуваме дека на повеќе места во спомнатите манифести тој инсистира сонувањето да биде ослободено од секаков вид следења, надгледувања или да не даде господ притисоци и тортури).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Прочитав кај Шимборска дека животот трае Неколку знаци со нокот оставени на песокта Ако побарав од спомнатата старица со бел кок Мислење за ова банално прашање Веројатно ќе изјавеше: Мојот живот уште не почнал!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби, како што се изрази еден љубител на поезијата, сакото всушност ги прикрива неговите недоволно развиени крила кои во некој многу близок час ќе му помогнат да полета, и не само да ја следи, туку и да ја создава спомнатата подвижна вистина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да повториме, тој ферман пристигнал кај Скопскиот бег и кадија дури од Стамбол заедно со наведената наредба за извршување на спомнатата казна во врска со непримерното однесување на спомнатиот Никола Леко).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, ова не го говорам од личен опит но многу вакви бракови знам, а сепак, немам слушнато за душа што излетала од спомнатава тежина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Отстапив чекор - два од макетата. Сакав да ја проверам вистинитоста на спомнатиов привид или впечаток, но овојпат од друга далечина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе