спореден прид.
спореди св.

спореден (прид.)

4. Сетики знаете дека има разни коали Има коали чауши и обични мали гладни коали Има коали со здрвени вратови Од сонување саде во една иста положба Има коали кои не гледаат ни централни ни споредни вести И ич бутур не им е заради тоа Коалата не е коала ако не грицка лисје од еукалиптус
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ќе ми кршне по некои споредни патишта и толку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се вративме пак на споредниот пат и застанавме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поништен документ.   Се враќаш таму кајшто смеата е изнасилена хуморот црн   а слободата згазена небаре догорче на споредна и слепа улица. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Изреката на пресудата содржи одлука на судот за усвојување или одбивање на одделни барања што се однесуваат на главната работа и на споредните барања и одлука за постоењето или непостоењето на побарувањето истакнато заради пребивање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не кај очувот, кај што се преселија кога веќе имаше седумнаесет години, туку малку подалеку од центарот, во оние споредни улички, во куќата на дедо му.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Само испратете ме низ споредниот влез, низ дворот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На споредната улица мала, недамна градена куќарка. На тротоаторот паркиран мерцедес.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој се заврте кон Луција, завергла со клучот и со силна гас спрашти кон патот; ќе го искршеше џипот од брзина по дупките; излезе од споредниот на главниот пат и спрашти кон Велес.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Грижите не ѝ дозволуваа да ја замајуват споредни мисли, снегот беше и тука пред влезот до колена, а дрвата добиени преку социјални грижи што останаа зад баба Петра беа крај оградата на фабриката, до самата куќичка на Мурџо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да знаат дека не постојат никакви споредни патишта и да не ги бараат попусто нив, дека треба да се пристапи отворено и просто, а после ќе се види колку е угодно да се живее со тој сок, оној вистински сок на работите, како кога вечераш од дивечот, што целиот ден сам си го ловел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или, ќе исчезнат, ќе го променат изгледот, ќе научат да го зборуваат проловскиот сленг, ќе се вработат во некоја фабрика и така непрепознати ќе си ги одживеат животите во некоја споредна улица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На ручекот што го приреди игуменот, се разменуваше по некој збор меѓу полковниците и пратеникот, колку да не се молчи, но сосем за споредни, небитни работи: пратеникот ќе ги прашаше како се чувствуваат овде, како им се допаѓа овој крај, тие го искажуваа своето задоволство, восхитување; го пофалија кметот за пречекот што им го направи и убавите денови што ги поминаа во селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од споредниот пат што подолу од свијок ќе се забуца во пролоканата стврднатост на царскиот друм, во неговата груба едноличност, се издвојувала врвица и, несигурно кршкајќи меѓу безимени грмушки со празни зајачки легала, се губела во дабов густеж во чија проредена 'рѓа се таложело мртво спокојство. По таа врвица се тетеравел Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Костур спореден со оној од пред десетина години е непропознатлив.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А, пак, кога за утврдување на составот на судот, правото на изјавување ревизија и во други случаи предвидени во ЗПП е меродавна вредноста на предметот на спорот, како таква се зема предвид само вредноста на главното барање; додека каматите, парничните трошоци, договорната казна и другите споредни барања не се земаат предвид, ако не го сочинуваат главното барање (чл. 28, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На ќор-сокакот на нашата „патека на љубовниците“- споредна уличка со напуштени фабрики - каде што јас го усовршив движењето на прстите со кое за миг се откопчува градникот; зад јоргованите во Паркот Маркет каде што прв пат ме допре преку фармерките и твоите пупки, набабрени под проѕирниот памук, ми се чинеа лилави како јоргованите; на балконот на новиот Театар Кларк каде што си ги избришав дланките од солта од пуканките и ги протнав меѓу твоите бутини, а ти прошепоти, „Се чувствувам како Дорис Деј да нѐ гледа,“ - и тука не го направивме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Луѓето на Балканот, притеснети од границите до голема болка, бараа семожни начини да ги избегнат трагајќи по споредни патишта од кои некои водеа до планински сртови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Возачот Бешир конечно го нема. Ситуацијата е сигурно критична, ме предупредува Гзиме испраќајќи ме со децата кон споредната порта на резиденцијата, каде што е обично паркиран темно-синиот мерцедес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога споредните патишта ќе ги снемало, патувале ноќе: царските друмови биле слободни само под закрила на мракот. Затоа преку ден сонот им бил посветол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе