способност ж.

способност (ж.)

Доволно се обидувате да ме импресионирате со вашите интелектуални способности.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Тие ѝ давале предност на саможртвата на македонската интелигенција и гледале со недоверба во способноста на Револуционерната организација да подготви општо востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од таа скаменетост го освести црвенокосата, богата сончевина, што се плисна како некој плавен бран во неговиот прозорец, ослепувајќи го и во исто време носејќи му ја назад способноста да се исправи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тие Македонци што покажаа таква способност во своето национално-политичко организирање, што покажаа такво примерно жртвување на своите интереси во полза на интересите на својата татковина, не со помалечок успех ќе можат да им организираат секакви пречки на националните и религиозните пропаганди што го цепат денеска нашиот народ на делови непријателски еден кон друг.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Спотовите се емитуваат во блокови што соодветствуваат на рецептивната способност на слушателот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
2. Свеста се сознава со помош на посебната способност за интроспекција
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Младоста ги става на испит твоите физички и умствени способности.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Само со чисти сонови во чиста Европа Макар што Европа се римува со тропа А некои дури велат дека Европа Им личела на старски дом на историјата И во неа имало пржен воздух преку сите мерки А накај НАТО се одело во јато Освен ако некоја гуска не се загуби по пат Кога се сонувало за Европа и НАТО Не се штедело боја за крвната слика на нацијата Колку подобра крвна слика Толку посилна одбранбена способност
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Необично беше тоа што изгледаше дека не само што ја загубил способноста да се изрази, туку дека дури и заборавил што е тоа што првобитно имаше намера да го каже.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во гимназијата и на универзитетот Хегел не покажувал никакви знаци на исклучителни способности, бил повеќе прилежен и уреден колку што обдарен, и по се изгледало дека ќе стане еден од просечните доценти на некој од многубројните немски универзитети.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
А потоа и самиот се запрашав: „Дали навистина не е опасно ако некој си вообрази дека може да го одредува текот на нашите размисли и со помош на оваа своја способност да донесува заклучоци за нашите намери“?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Власта е способност да се раскинуваат човечките умови на парчиња и повторно да се составуваат во каква сакаш форма.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Власта е способност да се нанесе болка и понижување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со тоа раскажување доаѓаше до израз сета прикриена дарба и невидена способност на баба, која имаше силно развиено нараторски талент и осет за трансформација.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ние ако сакаме да имаме чиста совест пред нашиот народ и пред себе, треба да ги земеме на себе и најмачните научни работи за да му помогнеме, а не да се изговараме, избирајќи го најлесното, дека немаме способности или влечење за оние науки што бараат најмногу труд и желба за работа. 56 Културното работење е поморално од револуционерното, зашто со првото интелигенцијата се чини вистински слуга на својот народ, а со револуцијата таа се обрнува во немилосрден експериментатор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во потрага сум по докази за мојата способност на утврдување при аналитичките детекции на предодредувањата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Никогаш не го потценував твојот интелект и способност, само не ги сакав твоите гревови.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Неговата способност да се поти беше неверојатна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Машинските додатоци затоа му носат нов квалитет во смисла на способност на раширена перцепција.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Еротичната катарза беше доволно настрана да предизвика да се восхитам на способноста на соговорникот постојано да ја чувствува и еднакво да се разочарам од нејзината неспособност самата да се рефундира, без да ги трансформира силите на туѓата, подарена или сосила присвоена енергија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Повеќе