спотера (св.)
Едни си помислија дека некоја нужда го спотерала да дојава до Потковицата, да си го поткова коњот или да купи нешто од дуќаните, други дека е некој бестрашен ајдутин или Турчин зулумџија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
– „Ете како: откога влеговме в гемија во Солун, кога нѐ забра еден силен ветар, та кога ја спотераа талазите гемијата, една недела што ја носи силно морето и на неделата кога ја удри од едни спили, парче по парче се стори и за касметот мој ме исфрли на една штица морето на суво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Утредента сите нѐ собра во одајата, го тргна покривот од лелајката за да го видиме бепчето, а потоа нѐ спотера по селото да ја рашириме веста, да кажеме дека ни се роди братче.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Луѓето затворени по куќите ги колнат и го молат бога да ги стиша, да ги спотера некаде.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ги жалеа луѓето, ги оплакуваа и правеа маѓии да ја стиосат болеста, тропаа со тенекиња и ја бркаа, палеа ќуќур и козина да ја спотераат и избркаат од каде што дошла; ги стркаа ќералите и плевните со света водица, со жива вар, чадеа темјан и пееја молитви, го молеа господа да ја запре и сотре болеста по ајваните; им врзуваа амајлии на гушата, им сечеа од ушите, од опашката, од роговите - чинеа сѐ што знаеја или ќе чуеја само да ја откатанчат и изгонат болеста.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Луѓето, како што тешко се привикнуваа на зимата кога долгите ноќи мораа да ги проведуваат во лежење, во здодевност, кога кусиот ден им светнуваше како бубачка и се губеше - така сега тешко се привикнуваа и на пролетта; свикнати на долго спиење, сега кога ќе станеа, се лутеа што многу порано пред да станат - веќе се разденило, сонцето се покажало, а тие не се фатиле за работа, не отишле по нивјето, не отишле во планината, не го спотерале добитокот на пасење.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ги спотерав овците на кај селото, палтото го обесив на една врба и му ја спраштив во шумата, кај партизаните.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Да не даде господ да оживее и некој да го спотера. А ти седнат на него!“
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Сега беа дојадени и Змејко знаеше дека треба да ги спотера овие двајца што побргу да си заминат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Потоа ги врза со уздите еден за друг, му се качи на средниот и ги спотера сите три по патот низ селото; коњите испијанети и потсилени од камшикот што им плускаше крај ушите, јуреа низ селото како бесни, креваа прав зад себе, газеа кокошки, патки, мачиња, кучиња и секаква живинка што ќе им се испречеше на патот и опкршуваа со сета сила по сокаците; прислужникот Геро потскокнуваше на средниот коњ, ги стегаше цврсто в рака сите три узди, плускаше со камшикот и викаше силно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Потоа зафатија силни ветрови да дуваат и го спотераа дождот; дуваа од сите страни, дуваа и од височина, се креваа и од земјата, налетуваа во бранови со прескокнување, со бучење, со завивање; ги витлеа короните на дрвјата, носеа со себе откинати гранки, валми сено и лисја и сѐ што можеа да соберат; носеа и сламени покриви од плевните, ги тресеа прозорците на куќите и втеруваа страв и во луѓето и во добитокот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Нека е аирлија, рисјани!“ свика тој радосно и ги спотера магарињата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Дома кај него кој знае што станува: мајка му од лутина в земја ќе го спотера.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Трестеник – рече мажот и го спотера коњот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Гласот набргу дојде и до ушите на Профим: в земја ќе ја спотераше Царјанка, ќе ја заколеше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)