спојување (ср.)
Во спојувањето на сонот и јавето во спонтана дремка на парче сунѓересто легло, заѕвони ново сознание за старата мачно изгаснувана желба - да се биде како другите.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Монтажната постапка е сведена на спојување на ролните, и во ретки случаи на нивно одбирање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Откога ги слушнав сите интриги од луѓето и, откога ми кажааа дека и тој учествувал во сето тоа, објаснувајќи пред насобраните во дуќанот кај мостот што значи тоа арондација, дека е тоа окрупнување на земјата, спојување на парцели, во овој случај, заради продажба на луѓе од канадската мафија, па уште и дека Никола Поцо бил крвожеден, јас бев наежавен и тоа, сигурно, Владе можеше да го види и да го осети.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ги пронајде двете загубени души што сплаварот ги беше оставил на спротивната страна. Ѝ остана уште да ги врзе двете откинати алки, да биде сведок на асоцијативното спојување на двата пловечки острови во водите на Власинското Езеро.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Расфрлани мирудии на масата, разделбите се само спојувања на краиштата.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Фактот дека Каменот на мудроста е изедначен со Duchamp и со Невестата, дека Duchamp е поистоветен со Меркур, дека coniunctio oppositorum на парот Брат- Сестра го дава Каменот на мудроста, дека местото на оваа таинствена трансмутација и спојување е умот - сето тоа наоѓа потврда во една кратка реченица од алхемискиот кодекс Artis auriferae: „Умот... е место на раѓањето на парот Брат- Сестра.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Никогаш повеќе јас не можев да се насладувам со свирењето саксофон како во времето пред да научам да свирам; така е и со љубовта: штом се совлада технологијата на љубовта, исчезнува митската претстава за спојувањето на мажот и жената како нешто што се случува на неопределен и слободен начин.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Концентрација настанува со промена на контролата на долгорочна основа, а како резултат на: 1) спојување на две или повеќе претходно независни претпријатија или делови од претпријатија; или 2) стекнување на директна или индиректна контрола на целото или делови од едно или повеќе други претпријатија од: – едно или повеќе лица кои веќе контролираат најмалку едно претпријатие или – едно или повеќе претпријатија, преку купување на ХОВ или имот, со договор или на друг начин пропишан со закон (чл. 12, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Можеби оваа техника Хичкок најдобро ја искористи во „костимираниот” филм Во знакот на јарецот (1949), кој не беше вистински трилер, па поради тоа беше и отстапување од правилото, а кој комерцијално пропадна, веројатно заради тоа што никој не очекуваше ваков филм од Хичкок. (Од тогаш Хичкок тврди дека не сака „костимирани” филмови, бидејќи: „Не можам да замислам како во костимиран филм некој може да оди во бањата”) . •Како ќе го дефинирате чистиот филм? •Хичкок: „Чистиот филм е спојување на комплементарните делови на филмот во една целина, како што мелодијата е спојување на музичките ноти.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Еден ден војводата Петре Ацев му даде налог на својот четник Крсте Гермовчето Шаќира да се стави со Толета и да му предложи некакво спојување на двете чети: да се упрости работата, да не се двојат силите и цепе народот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
3. За поттикнување фузија со други култури, и спојување со други медиумски јазици.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во таква ситуација на Британците им останувало само да чекаат и да видат дали таа одлука вклучува во себе “некоја балканска федерација или само некое мало спојување со Бугарија во советската орбита“.369 На 10 декември 1944 година Главниот штаб на сојузничките сили добил информација дека “ЕЛАС добива оружје, муниција и помош од симпатизери во Бугарија и Југославија“ и барал од 37 воена мисија “да се преземе истражување...и ако е можно да ја спречите таквата помош на ЕЛАС“370 Меѓутоа, во телеграмата од 11 декември се барало “во случај извештаите да бидат вистинити“ да не преземаат “енергична акција“ како што се барало од нив, без претходни инструкции од британската заднинска воена мисија на Фицрој Маклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Но, забележете дека почетната точка на научното објаснување беше потполно неочекуваното и навидум неверојатното согледување дека со спојување на два прилично активни гаса можеме да формираме течност и тоа таква течност чии особини радикално се разликуваат од својствата на нејзините составни делови.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)