справи св.
справа ж.

справи (св.)

Ме оставаш сама да се справам со куќава и сите проблеми во неа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од овие примери може да се наслути како ТШ се развива кон тоа да ни даде когнитивна наука која ќе може да се справи со проблемите на човековата перцепција и движење како и јазикот и учењето.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Смрта не е ништо таа е природна, па јас можам да се справам со неа, ама ова горест... ова чудо од измачение на камбаните кои предсмртно биеа во мене сотрувајки ме до последно зрнце... јас не се гледав повеќе себе..... само некоја земска восочна фигура врвеше низ песпатот, тркалајќи се во густиот снег...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа беше чувствителна и одговорна работа и подобро со неа да се справи најпосле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако кажеме дека одреден систем е во криза, според Морен, би требало да се ставиме во улога на чекачи затоа што системот делува во две насоки: да пропадне како систем или да изроди метасистем кој ќе успее да се справи со сите проблеми.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа се неброени композиции со милиони играчки и разни други подароци со кои Дедо Мраз не може сам да ги справи, се разбира.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Докажувајќи се еден пред друг во натпреварот со знаење на финти, при тоа се чудеа на реакциите на возрасните, се потсмеваа на нивната немоќ во обидот да излезат на крај, да се справат со поставеноста на системот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Затоа материјалното уживање треба да се сведе на минимум, а да се достигне максимумот на исполнување во духовната сфера на опстојување, која има долг пат за да научи како да се справи со искушенијата на сладострасните мамки во деноноќните игри на ѓаволот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нервозата на свадбата произлегуваше од сето тоа: од една страна од стравот на Хана како ќе се справи со обичаите на нејзината нова заедница, од другата, со фрустрацијата поради изневерата на родителите, но и од стравувањето на Леон како нивната врска ќе функционира и конечно, од немата запрепастеност на неговите родители и роднини за тоа како ќе се вклопи дојденката во нивниот строг и скромен начин на живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нашата славна партија, која успешно го водеше народот во борбата против фашизмот, лесно ќе се справи и со козите, тие бели ѓаволи, со кои се служи нашиот класен непријател.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко си имаше многу маки да се справи со зборот милет, на турски millet, со потекло од арапски (millmillet) и со значење на народ, нација, религија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првобитниот план да се иселат од куќата не беше остварлив, бидејќи само Томо можеше да се справи со лудата Ана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Незнаејќи како да се справат со ужасниот свирач, решиле истиот да го пријават во полицијата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но набргу го опседна мислата како ќе се справи со книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби и затоа се осмелија да се справат со зборовите кои предизвикале најмногу врева, маки и недоразбирања во балканската историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Катедрата за англиски, Деканатот на Колеџот, службата на претседателот и службата на Здружението на поранешните студенти без поплаки се справија со стотици не баш добронамерни прашања во врска со него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Браво, уште ова требаше. Малку ми беа мозочни кризи, па сега треба да се справам со љубомора.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Справи си се со проблемите сама.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На Татко му преостануваше според последниот договор со Камилски да се справи со турските заемки кои во балканските јазици се однесуваат на човекот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но недостигаа моќните институции кои враќањето, создавањето на палестинската држава ќе го претвореа во реален и издржлив процес, тој тешко можеше да се справи и со противниците на мирот од обете страни.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе