справува (несв.)
Во наш интерес е да останеме сите тука заедно и да наоѓаме начин да се справуваме со економските проблеми и да градиме заедничка иднина....“ говореше младиот каризматичен учител, свежо вратен во Битола по завршувањето на студиите во учителската школа во Скопје.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Земјата во слобода полесно и побрзо се справуваше со травматичните процеси отколку во поранешната изолација на диктатурата...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А Французите можеби имаа и најмногу историја со која се справуваа во текот на вековите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оставете го патентот самиот да се справува со предизвиканата непријатност, објаснуваше Катерина додека го сместуваше здолништето на потпирачот на столот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Не знам како се справуваш со проблемите, ама изгледаш бомба“, се насмеа таа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Човечката природа е деструктивна, сите се справуваме со некој внатрешен демон, но не смееме да го храниме со омразата, презирот, болката, да се доведеме во состојба на рамнодушно непревземање ништо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Стоевме покрај океанот и им се восхитувавме на сурферите коишто како акробати се справуваа со големите бранови.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Бргу научив и да се справувам со маглата: отпрво се тресев како крадец пред да го фатат а отпосле разбрав дека од страв пијам многу оражада и севезден мочам.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Можеби најголемата моќ Мајка ја покажуваше во справувањето во самотијата, во сите фази од својот живот, уште како сираче, кога останала без својата мајка, па во долговечниот егзил, кога Татко заминувал во потрага по спасот, па кога ѝ заминуваа синовите и ќерките, формирајќи свои семејства, па кога исчезна Татко, таа, до крајот од животот, се справуваше со сите облици на самотијата, до нејзиниот дефинитивен облик – смртта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога откриваше како Игор Лозински се справува со историјата, Татко добиваше аргументи за својата мисла дека историјата не ги совладува силните личности, кои успеваат по цена на силни страдања и издржливост во минатото да ја насетат оракулата на иднината.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Мајка и сега, по многу минати години, му покажуваше на Татко дека умеела поуспешно да се справува, да ги употребува знамињата, отколку тие што ги натерале овие сиромашни италијански војничиња да ги веат во нивно име, во случајов, во името на фашизмот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)