спрема (несв.)
Велат се спрема уште една војна но светот воопшто и не видел мир душата на луѓето пак е неспокојна садистички здробена, заробена в немир
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Падот во адот нѐ стори инвалиди со душите пелин, заробени темни се спремаат ѕверови да нѐ јадат живи а ние гледаме ко сведоци неми
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Еден одред од две три стотини души се растегна малку налево, да ја заобиколи чуката и од запад и се спремаше што побргу да ја префрли преслапта зад чука и да фати врска со северниот одред од бимбашијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Го виде брата си Тодор, кој се спремаше да излегува.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И веднаш заборавив како се спрема ајвар и слатко, а сторив трансфер од некој кој посветено се крсти во Креаторот во верник, ама во животот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Каурите се спремаат да ја уриваат нашата царштина од темел па чекај ги и кај тебе некоја ноќ и приварди се да не те најдат на спиење и да те испечат жив во конакот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Го нејќам ја венецот никаквец што ѝ го спрема, помисли други што крие.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Може да се претпостави дека дел од нив, Кочовите луѓе, знаеле што се спрема и биле тука да држат тензија и, ако треба, да притрчаат, како што и притрчале.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Времето го минуваше во библиотеката каде ги спремаше последните испити од јунската сесија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Имаа страшно многу работа, не здивнуваа спремајќи ги моделите до последен здив.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Останував настрана од нивниот свет и од нивните разговори во кои зборуваа за себе како за сопруги и мајки, потслушнував како гледаат кон иднината, а јас погледнував кон минатото, и ми изгледаше како со бракот и мајчинството, за кои се спремаа, да го победуваа времето, со нив тие се врзуваа со целата низа мајки до првата крв; а јас чувствував дека останувам далеку од таа низа во која се множеше крвта и во која крвта обединуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се плашев за секој иден ден, треска ме тресеше од таквото однесување на големото преродено момчиште; јас со сигурност можев да претпоставам дека тој ѓаволски се преправа спремајќи се за иднината.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Не знам кој ни ги спремаше овие приредби и со каква цел, и каде нѐ туркаше нашиот погром, но тоа беше грдо искуство.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И никој од нив и не слутеше каква изненада им спрема Мече ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Како и да е, се спреми, го наметна мантилот, ја зеде ташната и појде накај дома, минувајќи низ последните гости кои веќе ги земаа палтата од гардеробата спремајќи се да си одат.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Запаливме огнови. Над нив дружината спрема овнови десет да кладе.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
И веќе спремаше нова стрела.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Некои многу што спремаа, живо дете в раце не кренаа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)