срамежливост (ж.)
Ворхоловата ноторна срамежливост во психолошка смисла, на овој начин си дава здив себеси.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кога Александар по кратко натегање со својата срамежливост ѝ го побара заемот, Бојана рече дека мора да извади пари од банкомат.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Високо, над срамежливоста на хоризонтот, пливаше во ретка разблажена крв, непознато, тромаво јато со неми клунови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ме обзеде некаква буржоаска срамежливост. Божем, кавалер, а без пари.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во општеството толку строго во однос на човековото однесување, кадешто викторијанскиот дух доминира наметнувајќи една речиси детска срамежливост, уметноста станува шокантна, безначајна, неморална и изопачена како забранетото овошје.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)